Како да почнeш со медитација и како да знаш дали има ефект?

katerina-angeliovska-meditacija
katerina-angeliovska-meditacija

Ако некогаш си пробал/а медитација, сигурно знаеш колку неколку минути медитирање целосно те рестартираат. Ако не си пробал/а, а имаш желба да почнеш со медитација, овој текст е токму за тебе.🧘

Катерина Ангеловска, советник за личен развој и учител по медитација во новата епизода на WELLCAST with Josif објаснува сè што треба да знаеш пред да се впуштиш во светот на медитацијата.

Како да знаеш дали медитацијата е за тебе? 🤔

Нормално е да имаш стравови и дилеми поврзани со медитацијата како на пример дека ќе го изгубиш хиперактивниот дух и динамичноста ако почнеш да медитираш.

Катерина објаснува дека едноставно треба да ѝ дадеш шанса на медитацијата.

Пробај еднаш и види што ќе се случи и какви придобивки ќе имаш. Дури тогаш можеш да кажеш дали ова е за тебе или не е.

katerina-angeliovska-meditacija

Како да почнеш со медитација?

Видеата со водечки медитации од YouTube се добар старт. 🎥

Водечките медитации што ги има на YouTube се одлични за почетници бидејќи нивната цел е релаксација. Кога си почетник, сè уште не знаеш како да го држиш телото и како да се однесуваш за време на медитација. Водечките медитации ти даваат флексибилност и прилагодување за подлабоко да навлезеш во медитативниот свет. 

Убавината во медитацијата е тоа што колку  повеќе медитираш, толку повеќе ти се зголемува нивото на свесност. 💯 Подоцна и животот ти станува медитација бидејќи си во баланс додека миеш садови, пливаш, се качуваш на планина и слично. 

katerina-angeliovska-meditacija

Како можеш да го измериш ефектот од медитацијата?

Колку повеќе медитираме, колку внатрешната и надворешната галама ќе престане да ни предизвикува стрес и фрустрација. Мерливоста е токму во тоа. Колку ни е посмирен умот и телото кога медитираме и не ти пречи тоа што се случува околу тебе, толку полесно можеш да се свртиш кон себе, да се смириш и сталожиш. 

Додека медитираме, правиме репрограмирање на умот и трансформација на енергијата во нашето тело. 

Ние живееме со сите трауми што ни се случуваат. Некои луѓе полесно се справуваат со нив, некои потешко. Но, колку полесно ја трансформираме таа застарена, негативна енергија преку медитација, толку подобро ќе биде за нас бидејќи стануваме посвесни за сегашноста. 💪

Дали некое хоби може да биде замена за медитација?

Сликањето, плетењето, везењето е алтернатива за медитацијата бидејќи при овие активности, не мислиш на ништо друго, присутен си во моментот и свесен за она што го правиш. Токму ова е и целта на медитацијата – живеење во сегашниот миг. 🤩

katerina-angeliovska-meditacija

Да се живее во сегашен миг значи продлабочување на свесноста. Колку стануваш посвесен, толку ја трансформираш енергијата и имаш поинаква свесност за сегашниот миг. Исто како медитацијата, и некое хоби може да ти помогне да ја постигнеш состојбата на живеење во сегашниот момент.

Катерина ја води Mindfulness програмата за свесно живеење која што преку комбинација на медитација, психолошки вежби и јога движења ќе ти помогне да престанеш да се вознемируваш или да се грижиш за иднината. 

Погледнете ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.