Како да видиш која фитнес дисциплина најмногу ти одговара на твојот начин на живот?

Ирина Тростјанска

Си ветуваш дека од новата 2023 година конечно ќе стартуваш со вежбање, но не знаеш од каде да почнеш? 🤔

Која фитнес дисциплина би ти била интересна? Дали да пробаш тимска активност, или индивидуална?

Дали да пробаш неколку видови активности истовремено, или да се фокусираш само на една?

Фитнес инструкторката Ирина Тростјанска од Fit Mix Studio Trostjanska, ќе те насочи како да видиш која фитнес дисциплина најмногу ти одговара на твојот карактер и начин на живот. ⬇️

trostjanska-fitkit

Која фитнес дисциплина ти одговара според твојот карактер?

Ако си авантурист, пробај некојa од следниве дисциплини:

Електро-мускулна стимулација

Iron или Power јога

Зумба

Функционален тренинг

 

Ако си интроверт, пробај некојa од следниве дисциплини:

Интегрална јога

Пливање

Кик бокс

Фитнес

 

Ако си перфекционист, пробај некојa од следниве дисциплини:

Фитнес

Вињаса јога

Пилатес

Зумба

 

Ако тешко се мотивираш, пробај некојa од следниве дисциплини:

Медитација

Аштанга јога

Аеробик

Функционален тренинг

💡Експериментирајте со повеќе различни физички активности, наместо да се фокусирате на една дисциплина, бидејќи на овој начин се добиваат подобри резултати. 

Ако не пробаш, нема да знаеш која е најдобрата дисциплина за тебе

Според Ирина, треба да ѝ дадете 3 до 4 недели шанса на одредена активност за да сфатите дали таа е вистинската за вас. 📅

А еве што таа им препорачува на луѓето што се уште не се сигурни која е идеалната физичка активност за нив и дали воопшто да започнат со вежбање:

Вежбањето е генерално една од оние промени за кои се зборува многу, но кога станува збор за акција, обично наоѓаме еден куп неосновани изговори за да се откажеме.❌ Ако не пробаш, не можеш да знаеш што е најдоброто за тебе! Потребно е да сфатите дека вежбањето претставува животен стил. Имајте на ум дека вежбате за себе, за своето ментално и физичко здравје, за грижата на вашиот изглед, за дружбата со оние кои го прават истото што и вие, вежбате за да се чувствувате убаво во вашето сопствено тело! 🙌

trostjanska-fitkit

Ирина е наш FitKit Plus тренер кој ја води програмата Fit Mix Trostjanska. Програмата е наменета за секоја возраст, без разлика колку си физички спремен/а или имаш кондиција.

Станува збор за 8 тренинзи со фит микс вежби за обликување на тело и тенки, елегантни мускули. 💪

Програмата ќе ти понуди повеќе опции, без разлика дали си активен вежбач, или прв пат пробуваш ваков вид на физичка активност. 

trostjanska-fitkit

Ако имаш дополнителни прашања за Ирина или сакаш да вежбаш со неа, еве каде можеш да ја најдеш:

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: trostjanska_irina_i

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: trostjanska_fitmix_i

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore