9 начини како исхраната влијае врз менталното здравје

Симона Коруновска
храна-ментално-здравје

Дали знаеш дека она што го јадеш влијае врз начинот на кој што размислуваш? Дали ти се случило секогаш кога си под стрес да бараш утеха во одредена храна? Како недостатокот од витамини е одговорен за твоето променливо расположение?

Нутрицинистот Симона Коруновска во подкастот WELLCAST with Josif објаснува која е поврзаноста помеѓу исхраната и менталното здравје и како свесноста за тоа може да ни го промени животот на подобро.

1. Внимателно со консумирањето на витамините Б и Д3

Недостаток на витамини од групата Б и витаминот Д може да предизвикаат проблеми со менталното здравје. На пример, промените во расположение, ноктите и косата најчесто се должат на недостатокот на витамин Б. 💅

Бидејќи сме земја со многу сончеви денови, Д3 витаминот го добиваме од сонцето. ☀️ Со него треба да видеме внимателни и не треба да земаме големи количини на своја рака, бидејќи вишокот не го исфрламе, туку се складира во црниот дроб и може да дојде до негово замастување.

храна-ментално-здравје
Извор: www.pexels.com

2. Пијте витамини по потреба

Суплементи што се препорачуваат за секоја сезона се хидросилабилни витамини, при што вишокот се исфрла преку урината. 💊

Во лето не пијам никакви витамини. Штом дојде есен накај зима и почне сезоната на настинките, пијам пробиотик, мултивитамини, Омега 3 и на секој 3ти ден по еден Д3 витамин. Оваа комбинација ја пијам неколку месеци.

3. Храната за утеха заменете ја со друга активност

Емотивното јадење често се јавува како последица на практикување диети од интернет што не се соодветни за личноста, опседнатост со броење на калории и слично. Многу е важно да најдете друг начин за ослободување на стресот. 

Ако твојот оброк бил пред еден час и со присојна количина, ако повторно ти се пријаде, оди на прошетка или читај книга. Треба да најдеш алтернативно решение како тоа јадење на храна, може да се замени со друга активност. Доколку овој процес на емотивно јадење трае подолго од 4 недели, треба да побараш стручна помош. 🆘

храна-ментално-здравје
Извор: www.pexels.com

4. Оброци што ќе те држат подолго време сит/а 😋

✅ Варено јајце со цел зрнест леб, сезонски зеленчук и намаз (грчки јогурт, хумус);

✅ Палачинки со овес, банана, протеински крем и овошје;

✅ Парче месо, супа и салата;

5. Јаглехидратите не се твојот непријател

Мит е дека јаглехидратите дебелеат. Тие се основното гориво за телото, за секоја клетка да функционира. 

Јаглехидратите се калорични, но сами по себе не те држат долго време сит. Мора да се искомбинираат со протеини и здрави масти за да те заситат. Ако јадеш само макарони без никаков додаток, по еден час повторно ќе бидеш гладен/а. 🤷

храна-ментално-здравје
Извор: www.pexels.com

6. Кето диетата не е издржлива на долг рок ❌

Не ја препорачувам Кето диетата бидејќи може да ти направи проблеми со бубрезите и црниот дроб. Изолирање од јаглехидрати, овошjе и зеленчук те остава без енергија и не е здрав начин за да одржуваш тежина. 

7. Постарата популација треба да внесува што повеќе антиоксиданси

Постарата популација за да го одржи добро ментално здравје, треба да внесува храна која што содржи многу антиоксиданси како:

✅ Боровинки

✅ Темно чоколадо

✅ Зелен чај

✅ Омега 3 (како храна и суплемент)

храна-ментално-здравје
Извор: www.pexels.com

Преку храна ќе внесете многу повеќе витамини и минерали, отколку што ќе ги внесеме преку суплементи.

8. Ако пиете алкохол, изберете вино 

Виното е единствениот алкохол што не е имуно-супресив, односно не ја забавува работата на имунитетот. Препораките се 2 чаши вино за мажи, 1 чаша за жени. 🍷

храна-ментално-здравје
Извор: www.pexels.com

9. Бројот на оброци во текот на денот е индивидуален

Секогаш бројот на оброци што треба да се конзумираат во еден ден зависи од животниот стил и активноста на личноста. Најчесто, правилото е да се има 3 главни оброци со 2 ужинки. 

Фастинг не препорачувам, освен 2-3 часа пред спиење да не се јаде за да се подобри квалитетот на сонот. 😴

Погледнете ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.