Ако имаш намера да си ги зацврстиш и оформиш стомачните како никогаш досега, ролер за стомачни е идеалниот реквизит за тебе! 💪
Без разлика дали ќе го користиш како загревање за вежбање или како главен тренинг, овој реквизит има голем број на придобивки:
✅ Ги ублажува воспалените мускули;
✅ Го измазнува целулитот;
✅ Ја намалува болката во грбот;
✅ Ја подобрува флексибилноста на зглобовите;
✅ Ги опушта мускулите.
Маја Самарова, тренер во студиото Basement ти подготви ефикасен тренинг како да си ги оформиш стомачните од соништата со помош на ролер за стомачни. 💯
Тренинг со ролер за стомачни
Вежба 1: Wheel rollouts
3×15 повторувања
Вежба 2: Knee tucks
3×15 повторувања
Вежба 3: Glute bridge and curl
3×15 повторувања
Вежба 4: Pike
3×15 повторувања
Вежбање со ролер е одличен начин за да се подобри рамнотежата и стабилноста на телото, јачината на јадрото, да се зајакнат голем број на мускулни групи, зглобовите и лигаментите.
Спремање за натпревар во време на пандемија, отварање па повторно затварање на теретани беше голем предизвик за мене, но квалитетен тренинг може да се направи и дома и во теретана, под секакви услови. No excuses дечки, фатете се за работа! 🏃
За да вежбаш со Маја: 👧
📷 Пиши ѝ на Инста: maja_samarova
💬 Контактирај ја на Фејсбук: Maja Samarova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.