Squats guide — корегирај си го држењето

Овие вежби за размрдување на мускулите се задолжителни во многу видови вежбање, а се за пофалба поради нивните безбројни варијации, придобивките во обликувањето на телото и можноста да се изведуваат секаде и во секое време. Но, дали правилно ги правите чучњевите?

Неправилното држењее брз пат до повреда и може да предизвика трајна штета. Чучњевите се едноставна и класична вежба што ја правиме секојдневно кога седнуваме на столица и со тоа е совршено практична вежба од секојдневниот живот.

Чучњевите влијаат врз различни мускулни групи во долниот дел од телото како глутеусите, квадрицепсот и задниот дел од надколеницата. Без разлика дали ја употребувате сопствената тежина на телото или тегови, вашите мускули на трупот вредно работат за да го држат и телото во правилна положба. Ако употребувате фитнес справа потребно е помалку рамнотежа што значи дека телото не мора да работи толку напорно.

Како да ги правите

Застанете исправени со подраширени нозе со стапалата малку пошироко поставени од колковите, рацете може да ги ставите на колковите, зад главата или да ги испружите пред вас. Свиткајте ги колената и држете ја тежината на телото назад во петите како да седнувате на столица. Кога телото ќе постигне седечка положба (90 степени), исправете се повторно во стоечка положба. Ако опсегот движења ви дозволува, чучнете пониско од 90 степени.

Чести грешки што треба да ги избегнувате

Здравјето на ‘рбетот е важно за секоја вежба, а особено за чучњевите. Од основно значење е да го држите ‘рбетот во неутрална позиција за да го заштитите грбот. Избегнувајте да се наведнувате или да гледате надолу. Продолжете да гледате напред со брада паралелна на подот, исправен грб и отворен граден кош.

Ако дигате многу тежина тоа може да се одрази на ставот, па внимателно избирајте ги теговите. Ако користите шипка, правете чучњеви со шипката на клучната коска. Ако ја ставите шипката на грбот најчесто може да дигате поголема тежина, но кога ќе вежбате за правилен став, чувајте ја шипката напред, на клучната коска или на страна.

Има многу начини за да напредувате од основни чучњеви до секое ниво вежби. Мојот најважен совет е да избегнувате да правите нешто ако чувствувате болка или да се обидете да го направите на друг начин.

Игор Попоски

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Прочитај повеќе од нас

Следи не’
Facebook 
Instagram
YouTube