Не мора секогаш да одите во теретана за квалитетно и добро вежбање за да го имате телото за кое сте сонувале! 🏋️
Сега можете да го правите тоа дома, кога сакате и онолку долго колку што сакате со помош на вратило (pull up bar).
Атанас Михајловски од Ultimate Fit Alebras ќе ти покаже како да постигнеш одлични резултати во однос на силата и изгледот со помош на вратило.
Предноста на овој реквизит е во тоа што може да се постави во домот. Доколку е монтажно вратило, се вади и става по потреба. Има голем број на вежби што може да се изведуваат со него. Според мене, ова е една од основните реквизити што треба да се имаат за тренинг на горен дел на телото. Недостаток при вежбање со вратило не би рекол дека има, освен тоа дека можеби ќе треба почесто да се фарба вратата каде што ќе вежбате. 😆
Атанас ти подготви два различни тренинга со вратило. Tвое е да избереш кој ти фаќа око: 👀
✅ Тренинг 1
(доколку имате бар 5 повлекувања со надфат)
Колку можете повеќе повторувања во 20 минути од:
- 5 широки повлекувања со надфат
- 10 стомачни подигања
- 5 тесни повлекувања со потфат
- 20 чучнувања
✅ Тренинг 2
(доколку немате ниту едно повлекување)
- 15 минути наизменични серии во минута (минута 1, 4, 7, 10, 13)
- 8-10 ексцентрични спуштања од вратило (минута 2, 5, 8, 11, 14)
- 20 подигање на колена висејќи на вратило (минута 3, 6, 9, 12, 15)
- 6-10 брпис
Еве ти и видео демонстрација од вежбите со вратило:
Кога правилно се користи, вежбите со вратило даваат резултати по само 30 дена. 📅
Како вратилото ќе ти помогне да си го обликуваш телото?
✔️ Со зајакнување на мускулите на градите;
✔️ Дефинирани рамења и стомачни мускули;
✔️ Посилни надлактици;
✔️ Зголемена издржливост.
Ако те инспириравме да почнеш да вежбаш со вратило, имај на ум дека многу лесно се монтира по дома.
🔧 Не ти треба посебен алат, туку закачи го на било која врата со стандардна големина и фрли се во акција.
За да вежбаш со Атанас:
📷 Пиши му на Инста: @Atanas.Mihajlovski
💬 Контактирај го на Фејсбук: Атанас Михајловски
За крај, Атанас објаснува зошто вежбањето од дома е тренд и во 2022 година. 💻
Во прво време, потенцијалот на онлајн тренинзите и ние како тренери не можевме да го видиме. Но, по поминати повеќе од две години, сфаќаме дека се отвори нова гранка во нашата индустрија. Доколку искрено ја сакаме работата што ја работиме ќе сфатиме дека имаме огромен нов потенцијал на луѓе до кои можеме да допреме макар преку екран и да се обидеме да им го промениме животот. Кога и да заврши ова лудило што нè зафати, убеден сум дека многу од нас ќе продолжат да тренираат од дома гледајќи го тоа како лесен начин да се инвестира во своето здравје. 💪
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.