Дали знаеш дека Старите Грци уште пред 3.000 години користеле медицински топки за да им помогнат на пациентите да закрепнат од повреди и да го зацврстат своето тело?
Три милениуми подоцна, медицинските топки сè уште се популарни за тонирање и зацврстување на телото. 💪
Вики Ристоска од фитнес центарот ФитХаб ќе ти покаже како со медицинска топка можеш да направиш ефективен тренинг за целото тело.
Тренинг со медицинска топка
Времетраење на тренинг: 20 минути
✅ Вежба 1: Wall ball shot x10 повторувања
✅ Вежба 2: Мedicine ball clean х20 повторувања
✅ Вежба 3: Deadlift x30 повторувања
✅ Вежба 4: Sit-ups сo топка или russian twist x40 повторувања
Предностите на медицинската топка се во тоа што ти го активираат целото тело, ти ја подобруваат концентрацијата и прецизноста. Недостатокот е во ограниченоста на вежби коишто може да се изведат со помош на овој реквизит.
Ако сè уште не си убеден/а да почнеш да вежбаш со медицинска топка, еве ти уште неколку предности со користење на овој реквизит:
✅ Подобра издржливост на телото;
✅ Поголема кондиција;
✅ Зголемена брзина на движење и извршување на секојдневните активности;
✅ Одлична е за враќање во форма после повреда;
✅ Идеален реквизит за вежбање во група.
За да вежбаш со Вики: 👧
📷 Пиши ѝ на Инста: @vristoska
💬 Контактирај ја на Фејсбук: Ristoska Viki
Пандемијата ни покажа дека луѓето не можат без социјална интеракција. 🙋♀️ Секогаш ни е потребна поддршката на другиот, без разлика колку сме силни. Очекувам дека свесноста на луѓето за потребата од физичка активност ќе се развие уште повеќе и сè повеќе луѓе ќе почнат да се занимаваат со спортската активност што најмногу им одговара. 🚴
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.