Што ако имам само медицинска топка?

медицинска-топка-вежби
медицинска-топка-вежби

Дали знаеш дека Старите Грци уште пред 3.000 години користеле медицински топки за да им помогнат на пациентите да закрепнат од повреди и да го зацврстат своето тело?

Три милениуми подоцна, медицинските топки сè уште се популарни за тонирање и зацврстување на телото. 💪

Вики Ристоска од фитнес центарот ФитХаб ќе ти покаже како со медицинска топка можеш да направиш ефективен тренинг за целото тело.

Тренинг со медицинска топка

Времетраење на тренинг: 20 минути

✅ Вежба 1: Wall ball shot x10 повторувања

✅ Вежба 2: Мedicine ball clean х20 повторувања

✅ Вежба 3: Deadlift x30 повторувања

✅ Вежба 4: Sit-ups сo топка или russian twist x40 повторувања

Предностите на медицинската топка се во тоа што ти го активираат целото тело, ти ја подобруваат концентрацијата и прецизноста. Недостатокот е во ограниченоста на вежби коишто може да се изведат со помош на овој реквизит. 

Ако сè уште не си убеден/а да почнеш да вежбаш со медицинска топка, еве ти уште неколку предности со користење на овој реквизит: 

✅ Подобра издржливост на телото;

✅ Поголема кондиција;

✅ Зголемена брзина на движење и извршување на секојдневните активности;

✅ Одлична е за враќање во форма после повреда;

✅ Идеален реквизит за вежбање во група.

За да вежбаш со Вики: 👧

📷 Пиши ѝ на Инста: @vristoska

💬 Контактирај ја на Фејсбук: Ristoska Viki

Пандемијата ни покажа дека луѓето не можат без социјална интеракција. 🙋‍♀️ Секогаш ни е потребна поддршката на другиот, без разлика колку сме силни. Очекувам дека свесноста на луѓето за потребата од физичка активност ќе се развие уште повеќе и сè повеќе луѓе ќе почнат да се занимаваат со спортската активност што најмногу им одговара. 🚴

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.