Правиш вежби за обликување стомачни мускули, се храниш соодветно, дисциплиниран/а си, но никако не ти успева да ги обликуваш стомачните што си ги замислил/а. 🤔
Каде грешиш? Што треба да направиш поинаку?
Дали да се откажеш од замислата за совршените стомачни или да пробаш макар уште еднаш?
Жарко Батиќ од CrossFit Skopje е еден од најпознатите фитнес тренери во Скопје, кој што веќе 9 години неуморно им помага на вежбачите да бидат најдобрата верзија од себе.
Жарко е и двоен државен првак во олимписко кревање тегови и државен кросфит првак во 2016та година. 🏋️
Во следниве неколку минути, Жарко ќе ти даде насоки како конечно да ти успее дефинирањето на стомачните што си ги имаш замислено.
Најчести митови и невистини за обликување стомачни
Најчеста заблуда што сум ја слушнал во мојата кариера за обликување на стомачни е дека пиењето на “топачи на масти” има ефект во намалувањето на мастите како на пример, големиот апчињата за слабеење што се рекламираат или диеталниот додаток Л-карнитин. ❌
Стомачните се прават во кујна, не во сала
На вежбачите што мака мачат да обликуваат стомачни мускули, Жарко им го препорачува следново: ⬇️
Не е за џабе кажано, стомачните се прават во кујна, а не во сала. Внесувај помалку калории отколку што трошиш, исфрли ги од исхраната рафинираниот шеќер, благото, соковите и тестото.
Исхрана + тренинг = добитна комбинација
Исхраната е фактор број 1 доколку сакате стомачни. 🏆 Секоја исхрана се базира на истиот принцип без разлика дали е кето, зонска, карневоур или хроно начин на исхрана. Со секоја од нив постигнувате калоричен дефицит и исфрлање на шеќерот и тестото. Следење на планот за исхрана во комбинација со тренинг е добитната комбинација за постигнување на дефинирани стомачни мускули.
Нема “магична” вежба што брзо дава резултати
Не постои таква вежба што инстантно ќе ти помогне да ги дефинираш стомачните мускули, објаснува Жарко.
Нема една “магична” вежба што брзо ќе ти помагне во обликувањето на стомачни мускули. 🪄 Сите вежби што се наменети за стомак се добри, се додека се прават константно, со различни варијации и интензитет.
Сепак, еве од каде можеш да почнеш со вежби:
Ако сакаш да вежбаш со Жарко и да ги дознаеш тајните на неговиот холистички пристап кон тренерството, вежбањето, натпреварувањата и здравиот и силен начин на живот:
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Zarko Batich
📸 Пиши му на Инстаграм: @batic.zarko
🌐 Посети во веб-сајтот на неговото фитнес студио: https://crossfitskopje.com/
Наскоро, Жарко ќе започне и подкаст заедно со Томе, од Tomas Performance Podcast што ќе се вика Бајкерот и Кросфитерот. 🙌
Послушај ги советите на Жарко и преку ФитКит апликацијата, пронајди ја активноста во која најмногу уживаш и ти гарантираме дека дефинирањето на стомачни ќе ти биде сладок предизвик. 💪
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.