MyFitKit

Апликација за фитнес тренери и студиа

Креирај планови за вежбање и исхрана, подготви онлајн курсеви, разговарај со клиентите, следи го нивниот прогрес, споделувај корисни содржини со нив, соработувај со други фитнес тренери и многу повеќе.

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Подготви персонализирани планови за вежбање

Креирај персонализирани планови за вежбање користејќи ја нашата колекција со над 2000 вежби од кои што можеш да бираш. 

За помалку од 60 секунди, можеш да креираш тренинг што ќе одговара на индивидуалните потреби на твоите клиенти.

Направи план за исхрана

Подготви детален нутриционистички план за исхрана според потребите на твоите клиенти. Избери од широката палета на над 4000 прехранбени производи и состојки. 

Означи ги твоите омилени видови на храна и зачувај ги оброците за повторна употреба.

Следи го напредокот на клиентите

Како што клиентите го запишуваат својот напредок, така ти како тренер ќе имаш увид во нивниот прогрес со само неколку клика. 

Можеш да бираш дали сакаш да ја следиш нивната тежина, телесни масти, срцебиење, обем на одредени делови од телото и многу други метрики.

Подготви интерактивни онлајн курсеви

Креирај онлајн курсеви за одредени клиенти или групи на вежбачи со коишто ќе им помогнеш полесно да ја постигнат својата фитнес цел.

MyFitKit app е специјално дизајнирана за да поддржи интерактивни онлајн часови. Ти и твоите клиенти може во реално време да споделувате пораки, слики, видеа и линкови во текот на сесиите.

Менаџирај поединечни клиенти или групи на вежбачи

MyFitKit app ти овозможува на едноставен, но ефективен начин да имаш увид во твоите индивидуални клиенти или групи на вежбачи.

Со само неколку клика, можеш да правиш безброј комбинации на клиенти со слични фитнес цели.

Соработувај со твоите колеги тренери

Дозволи им пристап дo MyFitKit апликација и на твоите колеги тренери. Можеш да поканиш во платформата колку сакаш тренери – нема ограничувања.

Разговарај во реално време

Нема потреба од дополнителни апликации за разговор. MyFitKit app ти овозможува да разговараш со твоите клиенти, групи на вежбачи или колеги тренери во реално време.

MyFitKit ценовник

Нема месечни фиксни претплати или обврзувачки договори. Плаќаш само доколку имаш клиенти и во зависност од нивниот број.

Започни го твоето MyFitKit патување денеска!