Започнал со вежбање поради погрешни причини, верувајќи дека ако немаш мускули, не можеш да фатиш девојка, но со текот времето го нашол правилниот пат. 😂
Запознајте го Ацко Мирчовски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Кога отидов да студирам во Бугарија, 90% од момците таму беа фитнес фанатици, па имаше изрека дека ако немаш мускули, не можеш девојка да фатиш. Тоа и беше моментот кога решив за прв пат да влезам во теретана уште во 2012 година. Најдобар резултат што го имам постигнато благодарение на вежбањето е моето ментално и физичко здравје! Да чукнам во дрво, не знам што е главоболка, настинка и слично. Изгледот е бонус. 💪
Омилена вежба му е олимписката Snatch, бидејќи е најтешка за изведување, бара многу техничка работа и посветеност, но затоа кога ќе ја усовршиш е супер импресивна.
Дефинитивно како најефективни вежби би ги издвоил Compound Movements или вежбите што се фокусирани на движење на зглобовите како: Deadlift, Squat, Strict Press. Фундаментални се за сила за цело тело. но во исто време стимулираат функционални секојдневни движења што се многу битни за здравјето и младоста на телото.
Песната Work Hard Play Hard од Wiz Khalifa најдобро ја доловува динамиката на неговата фитнес рутина. ⬇️
Вежбам 6 дена во неделата и рутината ми е поделена на 3 дена кросфит (од понеделник до среда), четврток одмор, 3 дена бодибилдинг (од петок до недела). Кога вежбам кросфит во Basement, се фокусираме на Olympic Weightlifting, Гимнастика, Endurance, сила, експлозивност, еластичност. Кога вежбам во Фитнес Парк работам на Pushing, Pulling, Leg work, low impact cardio и Stretching.
Комичните ситуации се дел од речиси секој негов тренинг.
Обично при вежбање на Snatch и Clean and Jerk, често пати се случува шипката да ми падне врз глава или да се рокнам по брада пробувајќи да направам Jerk. 😀
Ацко вели дека една од најубавите работи да бидеш физички активен е тоа што можеш да си каснеш што си сакаш и да не ти е криво.
Вежбањето ме научи да имам здрава врска со храната. Јадам многу месо и комплексни хидрати 90% од времето за сила и мускули, но ако ми се каснува крофна – не би си забранил. “Be good most of the time!”
Неговиот фитнес херој е Lazar Dukic, успешен кросфитер од Србија на светско ниво.
А кога го мрзи да вежба, си вари кафе.
Секогаш кога мислам дека ме мрзи, ќе си направам кафе. Си пуштам 15 минути мотивација на YouTubе – crossfit games events и сме спремни! 🚀
Ацко работи како Operations Associate во компанијата Crazy Labs.
Тој вели дека користењето на ФитКит како компаниски бенефит за вработените му дава можност да ги комбинира двете омилени дисциплини – бодибилдинг и кросфит.
Да крене 80кг на снач и 100кг на клин, да проба ATG и јога се неговите финтес цели за 2024та година.
Just show up! Верувај дека на никој не му е гајле како изгледаш или како ја правиш вежбата, сите си ја гледаат својата работа и не се замараат со тебе. Ако сакаш сам да почнеш, гледај туторијали на YouTube пред тренинг за вежбите што сакаш да ги правиш и така ќе знаеш што да правиш во теретана (така јас почнав). Ако пак, сакаш мотивација, друштво и профи совети, пробај кросфит, нема да зажалиш. 💪
За да дознаеш повеќе за Ацко:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Mirchovski Acko
📸 Пиши му на Инстаграм: @mirchovski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Acko Mirchovski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.