Предводени од мотото „Упорноста е клуч за одлични резултати!”, физиотерапевтското студио Коректива успеало да им помогне на стотици дечиња и возрасни да постигнат правилен раст и развој на телото. 🗝️
Преку внимателно одбрани вежби, тимот на Коректива, на забавен начин им помага на клиентите да се ослободат од болките во телото, да ги корегираат деформитетите на ‘рбетниот столб и лошото држење на телото.
Стефанија Стојанова, Физиотерапевт во Коректива, објаснува за придобивките за децата од вежбањето корективна гимнастика.
За децата, корективната гимнастика е физичка активност што преку забава, придонесува за развој на прецизност, координација на движењето и флексибилност на телото.
Овие вежби се специјално креирани за најмалите и придонесуваат за:
✅Развој на мускулно и коскено ткиво;
✅Усовршување на координацијата и моторичките вештини;
✅Развивање на правилно држење на телото;
✅Корекција на низа функционални деформитети;
✅Контрола на тежината;
✅Подобар однос кон животот.
Дополнително, студиото располага и со тренинзи за навремено третирање на рамните стапала кај децата, со цел да не дојде до ротација на ‘рбетниот столб и сколиоза.
А за возрасните, има специјално дизајнирани вежби за корекција на кичма и ослободување од болката, зајакнувањето на јадрото – мускулите на грбот, стомакот, горниот дел на бутовите и задникот, корегирање деформитети на ‘рбетен столб и справување со болка кај дегенеративни нарушувања или повреди.
Она што особено го издвојува Коректива како студио е тоа што според дијагнозата, физиотерапевтите прават персонализирана програма за третмани што вклучуваат корективни вежби, истегнувања и масажи. 💆
Телото е единственото место каде што ќе живеете цел живот. Затоа, грижете се за вашето тело и доведете го до степен без болка!
Коректива е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на студиото Коректива, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студиото што се наоѓа на:
👣 улицата „Методија Шаторов Шарло број 26” во Аеродром, Скопје
За да бидеш во тек со сите новости на Коректива:
📸 Следи ги на Инстаграм: @_korektiva_
👍 Пиши им на Фејсбук: Коректива – Студио за здраво тело
☎️ Јави се: 075 307 009
📩 Пиши им мејл: korektiva94@gmail.com
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.