Кога проблемите со тежината почнале да му се одразуваат и на менталното здравје, било пресвртна точка за тој да го воведе вежбањето како начин да го елиминира стресот и да ги ублажи последиците од целодневното седење пред компјутер.
Запознајте го Дамјан Милошевски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
За да влезам во водите на вежбањето, најголем мотиватор ми беше професијата што ја работам која вклучува седење пред компјутер најмалку 8 часа дневно, но јас го правев тоа и подолго. Имав проблеми со телесна тежина и тоа ми се одразуваше и на психичкото здравје. Најпрвин почнав со прошетки и спор џогинг, а потоа се зачленив и во теретана.
Џогирање и пешачење во природа се неговите омилени физички активности. 🏃
Џогирањето ми помага да се опуштам и да размислувам на многу теми. На овој начин ми доаѓаат креативни идеи, дури понекогаш и знам да дојдам до решение на некој проблем на работа или во секојдневието. Пешачењето во природа исто така ме опушта, бидејќи сакам да уживам во звуците на природата и да гледам во зелени површини.
Токму трчањето на лента или по кеј е физичката активност што досега му се покажала како најефективна.
Трчањето ме исполнува. Бара минимален влог од аспект на опрема, најчесто ви требаат добри патики за трчање и држач за телефон и клучеви. Додека трчам имам обичај да слушам некој едукативен поткаст или некоја добра рок плејлиста што ми дава уште поголем мотив за трчање бидејќи е енергична музика.
А еве како изгледа неговата неделна фитнес рутина:
Вежбам најчесто 4 до 5 пати неделно. Понеделник, среда и петок правам тежински тренинг, а вторник и четврток интензивен кардио тренинг од околу 1 час. Во теретана одам обично околу 7-7:30 часот наутро и вежбам околу 2 часа пред работа. Тоа ми дава енергија за целиот ден и се чувствувам исполнето и мотивирано во остатокот од денот.
Eye of the Tiger од Survivor е мелодијата што му е симбол за интензивен тренинг во кој откажувањето не е опција. 💪
Оваа песна ми се врежа во меморијата откако ги изгледав серијалите за познатиот боксер од Филаделфија, Роки Балбоа чијшто лик го толкува Силвестер Сталоне и неговиот интензивен тренинг и мотивација да стане тоа што стана. Силвестер Сталоне е и мојот фитнес херој поради неговата животна приказна и неговиот фитнес режим. Човекот има 78 години, вежба секој ден и воопшто не изгледа за годините што ги има во позитивна смисла (изгледа многу помладо). Ова е нешто со што и јас самиот се поистоветувам.
Дамјан вели дека благодарение на вежбањето, тој почувствувал бројни придобивки на своја кожа.
Најголемиот резултат од вежбањето го чувствувам по самиот себе. Имам многу здрав организам и воопшто не се разболувам. И доколку фатам некоја настинка, таа поминува за помалку од 7 дена. Исто така, од самото вежбање се чувствувам полн со енергија и можам да функционирам цел ден, па понекогаш дури и до доцните часови во ноќта.
Првата активност што ја закажал преку FitKit апликацијата е вежбање во Палестра. И ден денес, тој е редовен вежбач таму бидејќи му е најблиска теретана од местото на живеење и отвора во 6 часот наутро што му одговара со распоредот за вежбање и обемот на обврски. 🏋️
Имам поголема мотивација за вежбање откако ја платив М претплатата во FitKit апликацијата. Вреди за сите пари ако вежбате редовно, бидејќи имате пристап до високо квалитетни фитнес центри ширум државата. FitKit е дефинитивно една од најкористените апликации во мојот смартфон што ја користам секојдневно кога одам во теретана пред работа.
Неговата ултимативна цел со вежбањето е да симне уште 10 килограми. 🎯
Најважно е да се започне со вежбање. Секој почеток е тежок, но резултатите се неверојатни. Вежбањето ќе ве промени како личност – во многу позитивна смисла!
За да дознаеш повеќе за Дамјан:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Damjan Miloshevski
📸 Пиши му на Инстаграм: @iamdamjanmiloshevski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Damjan (Damian) Miloshevski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.