ФитКит Херој на Неделата: Ангела Антова

Angela Antova

Да се чувствува добро во сопственото тело, да биде здрава и фит, да има зголемена самодоверба, поголема леснотија и енергија во секојдневните активности. 💪

Ова е фитнес целта на Ангела Антова од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Angela Antova

За да ја постигне оваа цел, Ангела има внимателно смислена рутина: ⬇️

Секогаш правам нешто различно. Има денови кога има тури со возење точак, или пак планинарење и се вклучувам на нив. Секоја недела си вежбам по нешто дома или одам во теретана. Но, кога ќе дојде период на трки, си одам по програма која ми помага да си ја постигнам својата цел и да бидам сѐ подобра во трчањето.

Angela Antova

Трчање и планинарење се двете нејзини омилени физички активности. 

Трчањето има многу бенефиции, но чувството додека трчаш не може да се опише – исполнување на душата, тестирање на својата издржливост и зголемување на својата енергија. Од друга страна, планинарењето е исто моја омилена активност бидејќи обожавам вежбање во природа, разгледување на нови предели, звукот на природата и чувството кога си високо на врвот. ⛰️

Првата активност што Ангела ја закажала преку ФитКит апликацијата е тренинг во Fitness & Spa Park, бидејќи сакала да провери дали ќе ѝ одговара вежбањето со тежини и справи.

Кога вежба, најчесто преферира кардио и брзи тренинзи отколку вежбање со тежини. Но, има и денови кога оди во теретана и вежбам со тегчиња, ластици и справи.

Angela Antova

А најдобриот тренинг што го имала досега изгледал вака: 

Најдобриот тренинг – трчање полумаратон во Белград. 🏃 И покрај долгата патека, имаше многу угорници и кривини што ја отежнуваа патеката, но беше најинтересниот настан за мене. Прекрасна поддршка од публиката која секогаш беше тука да те бодри, музика, конфети, танцување и многу смеење.

Ангела за себе вели дека додека спортува се чувствува исполнета, посилна, посамоуверена и енергична. Луѓето кои се постари и поискусни од неа ја инспирираат да биде подобра од вчера. 💪

🎶 А штом ја слушне следнава песна, веднаш влегува во mood за вежбање.

 
 
Angela Antova

 

Како Digital Marketing Executive во компанијата 6Pro Marketing, вежбањето ѝ помага да има поголема енергија и подобар фокус на работното место. Затоа најчесто вежба пред почеток на работното време. 🕑

Еве што им препорачува на колегите кои сè уште се двоумат дали да почнат да вежбаат:

Ако сакаш да изгледаш како твојата омилена фитнес ѕвезда, да бидеш здрава и сигурна во себе, купи си терминче од ФитКит и види каде ти одговара да почнеш одново на патот кон успехот. 🏆

За да дознаеш повеќе за Ангела:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Angela Antova

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @aantova

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Angela Antova

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.