Ја инспирираат луѓето коишто наоѓаат време за вежбање и квалитетна исхрана и покрај сите работни и фамилијарни обврски. Секогаш сака да се предизвика себеси со динамични тренинзи што предизвикуваат многу согорени калории. 💪
Запознајте ја Наташа Анастасова од Кочани, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Нејзината фитнес цел е да се чувствува добро во сопственото тело, бидејќи верува во максимата: Во здраво тело – здрав дух. 🙌
Ако треба да избира помеѓу вежбање од дома и вежбање во фитнес студио, секогаш ќе избере фитнес студио, бидејќи црпи инспирација и сила за вежбање од енергијата на другите луѓе.
Сметам дека вежбањето со тренер е многу поефективно. Верувам во нивната стручност во областа и сакам да учам од нив.
Со тренер или без, штом ја слушне песнава, веднаш се фрла во акција. 🎵
Функционалните тренинзи се дел од моето секојдневие – тие ми се омилената дисциплина. Покрај тоа што физички се чувствувам подобро, ми даваат елан за работа и ми го прочистуваат умот. 😌
Кога вежба во сала, користи доста опрема која што е неопходна за тежинските тренинзи. Кога вежба дома, користи само подлога затоа што најчесто вежба со сопствена тежина. А еве како изгледа нејзината фитнес рутина: ⬇️
Понеделник, среда и петок ми се задолжителни денови за тренинзи во сала. Oстанатите денови најчесто вежбам нешто полесно во домашни услови, се качувам на Водно или одам на пливање.
Како Software Engineer Frontend во компанијата One Inside, користењето на ФитКит апликацијата значително ѝ помага да биде попродуктивна на работно место.
Со ваква можност, компанијата покажува дека се грижи за своите вработени. Преку ФитКит дознавам за нови места и спортски активности, со што самото спортување ми е поинтересно и секогаш можам да пробам нешто ново како за спорт така и за релаксирање. ФитКит е апликација за одлично пополнување на слободното време, каде ќе најдеш сè на едно место од фитнес, па се до активности за релаксација.
Првата активност што ја има закажано преку ФитКит е масажа, бидејќи како девелопер, голем дел од денот го поминува пред компјутер во седечка положба. 💆
Еве што Наташа им препорачува на нејзините колеги што се двоумат дали да почнат да вежбаат: 🤔
Енергијата што се добива после добар тренинг е незаменлива и не може да се најде на ниедно друго место. Вреди да се проба!
За да дознаеш повеќе за Наташа:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Natasha Anastasova
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @natasha.anaa
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Natasha Anastasova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.