Уникатна, непредвидлива и секогаш спремна за експериментирање. 👑 Личност која пие зелен чај, протеинско смути и кафе заедно и има научено повеќе од 50 деца да пливаат. 🏊
Запознајте ја 22-годишната Дафина Андонова од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Дафина го закажала првиот ФитКит тренинг во Fitness & Spa Park. Од тогаш, таа ја користи ФитКит апликацијата секојдневно.
Од сите тренинзи досега, најмногу се има пронајдено во јога и теретана. 🏋
Иако јогата ја сакам повеќе од теретана, сметам дека вежбањето во теретана е неопходно за тонирање и мускулна маса.
Дафина е уште една личност на која пандемијата ѝ помогнала да се промени на подобро:
Почнав поинтензивно да вежбам, особено јога. Добрата работа беше што можев да следам онлајн тренинзи. Иако онлајн вежбањето е многу практично, јас сум тип на човек што сакам да се спремам, да ставам слушалки и да отидам на вежбање во сала, теретана или студио.
Нејзината фитнес инспирација се голем број на жени коишто одржуваат здрав начин на живот како на пример: инструкторките по јога Лејла и Татијана и нејзините омилени Инста јога ликови @flow_yoga_journey и @juliaizyoga. 🧘
Еве како Дафина се мотивира да вежба кога не ѝ е денот:
Си велам дека ако не вежбам, на 40 години нема да бидам згодна. Навистина ме фасцинираат жени во години коишто се активни и имаат супер тело. 👩
На своите колеги од компанијата Xessable веќе им подготвила персонализирана програма за вежбање:
Им спремив на моите колеги Wellness програма за на работа. Секоја среда вежбаме по 15-20 минути после работа и еднаш во месецот одиме на Водно. Имам уште неколку работи што сакам да ги вметнам во програмата, како групни друштвени игри, ама нека се стопли прво. 🌞
За да дознаеш повеќе за Дафина:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Dafina Andonova
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @dafinandonova
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Dafina Andonova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.