Трети дел: 5 филмови што ќе те мотивираат да почнеш да вежбаш во 2022 година

filmovi-vezbanje
filmovi-vezbanje

Веќе помина половина од Јануари, а ти сè уште не си почнал/а да вежбаш? 🤔

Кои се твоите најнови изговори? Сè уште е ладно? Пак немаш време? Немаш навика?

👇 Еве ти уште една рунда на филмови што ќе те покажат дека вежбањето може да биде забавна активност со безброј придобивки.  

1. Bridesmaids

Овој филм ќе ти покаже дека функционалните тренинзи не се толку страшни како што изгледаат, особено ако имаш одличен тренер што ќе те мотивира да го дадеш својот максимум. Нема да згрешиш ако ѝ дадеш шанса на оваа дисциплина. 💪

2. Pitch perfect

Не е срамота ако вежбаш во група и малку заостануваш. Срамота е да се криеш од тренерот за да не примети дека те мрзи да вежбаш. 🤯

Доколку не ти се допаѓа дисциплината што ја вежбаш, отвори ја ФитКит апликацијата и најди си тренинг по твоја мерка!

3. Lost in translation

Овој филм ќе ти покаже дека неправилното вежбање може да доведе до сериозни повреди. Одредувањето на вистинскиот интензитет на вежби е една од најважните работи за спречување на повредите. ⚠️

Секоја вежба има техника што треба да ја следиш. Доколку не ја почитуваш, ги изложуваш мускулите на неправилни движења и со тоа ги зголемуваш шансите за појава на повреди.

4. Anchorman: The Legend of Ron Burgundy 

Секогаш е фрустрирачки кога ги замараш луѓето околу тебе за тоа колку добро ти изгледа телото после вежбање и овој филм ќе ти го покаже токму тоа. 🤦

Ако редовно и правилно вежбаш, твојот прогрес ќе се гледа од километар, па нема да мораш да се фалиш колку си згоден/а. 

5. Rocky V

Секој филм на Роки Балбоа ни носи една моќна порака: Преку вежбање добиваш чувство на успех. 💪

Да, одењето во теретана штом станеш од кревет можеби не звучи толку забавно, но после комплетираниот тренинг, ќе си бидеш многу благодарен/а сам/а на себе (ти гарантираме!).

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.