Ако пред неколку години некој би ѝ кажал дека нема да пропушти тренинг по ниедна цена, ќе му се изнасмеелa. Но денес, таа е мотивирана и исполнета зарaди влогот во самата себе, сметајќи го вежбањето како една од најдобрите инвестиции што некој може да ги направи. 💪
Запознајте ја Александра Спасевска од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Александра нема конкретен фитнес идол. Мотивацијата ја црпи од самата себе.
Мотивацијата за да започнам со физичка активност лежеше во желбата да ја присвојам здравата навика за вежбање и да направам нешто добро за себе. Во пандемијата почнав да вежбам редовно, така што од тогаш се промени практично сè. 💯 Онлајн тренинзите се одлична опција за сите кои од било која причина не можат или не сакаат да вежбаат во сала. Јас сепак ја преферирам салата, мотивацијата таму ми е неспоредливо поголема.
Првата активност што ја закажала преку ФитКит е тренинг во Fitness & Spa Park. Од тогаш, Александра ја користи ФитКит апликацијата неколку пати неделно.
Најмногу се пронајдов во фитнесот и не планирам да менувам! 😊Некако низ годините пробував различни активности, најчесто аеробик, пилатес и слично, но овие дисциплини воопшто не ме исполнуваа.
Како Александра се мотивира да вежба кога ја мрзи?
Вежбам рано наутро пред да почнам со работа. Oва се покажа како одлична одлука, затоа што ја пренесувам позитивната нота од вежбањето низ целиот ден. Кога ќе се случи да се разбудам и да не се чувствувам баш како да ми се вежба, само си повторувам дека ако еднаш си дозволам да прескокнам тренинг тоа ќе ми биде “slippery slope” од кој нема да се вратам. Тогаш станувам и се спремам за вежбање.
Како People and Culture Manager во Valtech, таа е среќна што во компанијата има голем број на вежбачи и таа бројка постојано расте.
Се мотивираме меѓусебно, со дел од колешките вежбаме и во заеднички термини. Таа енергија е навистина заразна. Како што ни доаѓаат и потполите денови се надевам дека ќе можеме почесто да бидеме заедно активни и надвор од сала. 🌞
ФитКит апликацијата значајно придонесува за ширење на заразната фитнес енергија во Valtech.
Апликацијата нуди навистина широка палета на опции и има за секого по нешто. Дури и ако не сакаш спортски активности, ги имаш опциите како користење на спа, масажи и слично. На крајот на денот, на кого не би му годела релаксација после напорен работен ден? И наместо ти да мислиш на тоа, компанијата веќе го обезбедила тоа за тебе.
За да дознаеш повеќе за Александра:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Aleksandra Spasevska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @starchaser007
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Aleksandra Spasevska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.