ФитКит Херој на Неделата: Андреј Анчевски

„Телото е храм на душата” е изрека што го мотивира редовно да вежба и да води здрав и активен начин на живот. 

Тој верува дека секој од нас треба да го третира своето тело со огромна нега и почит, со цел да имаме подобрување во секој животен сегмент. 💯

Запознајте го Андреј Анчевски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Негова омилена физичка активност уште од дете е кошарката, а денес таа го дели првото место со кросфит како најпредизвикувачка дисциплина за него.

Баскетот е мојот омилен спорт уште од дете и ми овозможува да го спортувам тоа што го сакам, да го правам заедно со пријателите и притоа е одличен кардио тренинг. Би напоменал дека и кросфитот е една од најпредизвикувачките, најтешките, но и најинтересните спортски дисциплини за мене.

Токму вежбањето кросфит му помогнало драстично да си ги подобри кондицијата и нивото на енергија. 

Како најефективни вежби можам да ја издвојам згибови и која било вежба за затегање на јадрото. Според мене, тоа се многу важни делови од нашето тело и нивното зајакнување може да има одраз во многу области од животот. Како физичка активност може да го издвојам кросфитот каде што имав значително добри резултати во однос на кондиција. Токму и првата активност што ја имам закажано преку ФитКит апликацијата е кросфит кај Атанас – најдобриот тренер за кросфит во Македонија.

И најсмешната ситуација што при вежбање му се случила за време на кросфит тренинг. 

Правејќи Wall Assisted HandStand, моето колено се запозна со една од шајките на ѕидот. 🤭

Песната Get Down On It од Kool & The Gang најдобро ја опишува неговата фитнес рутина што изгледа вака:

Моменталната фитнес рутина ми се состои од 4 до 5 активности во неделата во зависност од времето што можам да го одвојам таа недела. 3 до 4 пати во неделата правам тежински тренинзи во фитнес центрите Парк или Палестра, 2 часа во неделата се наменети за кошарка со пријателите и 1 час неделно правам долга прошетка од неколку километри со мојата девојка. Секогаш гледам мојата програма или рутина во себе да содржи дел елементи посветени на кардио, дел елементи на зајакнување на мускулна маса и секако, малку дружба и опуштање како дел од активностите.

Моментално, Андреј не следи некоја специфична програма или режим на исхрана, туку се труди да јаде од сè по малку во умерени количини. 

Сметам дека правилната исхрана е многу важен фактор за физички активен живот и не само за тоа како ќе изгледа еден човек, туку и каква ќе му биде енергијата на работа, во текот на денот, за време на тренингот итн. Практикувам да сум умерен во исхраната без разлика за каков тип на храна се работи. Сметам дека токму умереноста може да донесе добри резултати без да има потреба од строги диети. 

А кога баш и не му се оди на вежбање, еве како се убедува себеси да се фрли во акција:  ⬇️

Проблемот на “ме мрзи не можам да одам на тренинг”, гледам да го решам со организирање на активноста со некого. Тренингот го гледам повеќе како забава и дружење и не би сакал секако да ја извисам таа личност со која што сум се договорил за вежбање. Имам повеќе фитнес херои – моите блиски пријатели. Секогаш се тука кога ми е потребна мотивација плус и подршка. Тука се кога треба да се направи повторување плус и да ми го направат спортувањето и физичката активност како игра.

До крајот на 2024та година, Андреј се стреми да се подобри во вежбите што се прават со сопствена тежина како што се згибови, склекови, dips и други, за да може да ја подобри својата форма за трчање и да се проба на некој маратон од 10 километри. 🏃

Сметам дека ФитКит нуди доста интересни активности за кросфит. Во минатото имав можност неколку месеци да пробам кросфит тренинзи, па би сакал овие активности повторно да ги сместам во мојата фитнес рутина. 

Андреј вели дека откако започна да ја користи ФитКит апликацијата редовно, добил безброј опции за да комбинира различни активности како кошарка, пливање, фитнес, кросфит и никогаш да не му биде досадно. 

На овој начин му се зголемила и мотивацијата за вежбање, а тренинзите му станале многу поинтересни од порано. 🙌

Мојот совет е да се почне со вежбање пополека. Создавањето на навики и дисциплини е најтешкиот процес кој се случува во животот на еден човек. Да се започне со 1 тренинг неделно е многу подобро отколку никаков почеток. Голем број од луѓето се откажуваат бидејќи си даваат нереални цели и големи чекори во самите почетоци како секој ден тренинг, елиминирање на разни видови храна, користење на многу суплементи, итн. Многу е подобро човек да почне пополека и полека да го зголемува процесот врз основа на своите потреби. Со оваа тактика, сметам дека секој може да има одличен почеток во вежбањето и најважно – да создаде навика и дисциплина за активен физички живот. 

За да дознаеш повеќе за Андреј :😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Andrej Ancevski

📸 Пиши му на Инстаграм: @andrejancevski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Andrej Ancevski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore