Вежба за да се чувствува убаво, да ги искуси на своја кожа бројните придобивки од физичката активност за физичкото и менталното здравје и да живее здрав и квалитетен живот. 🙌
Запознајте ја Ангела Јакимовска од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Најмногу сакам тренинг во теретана и релаксација во спа. Вежбањето во теретана ми се допаѓа бидејќи секој може да си го адаптира тренингот според своите фитнес цели и желби. Некој сака да зголеми килограми, некој да намали, за секоја мускулна група има голем диверзитет на справи и опрема за вежбање според личните преференции. Ми се допаѓа тоа што можам да си го прилагодам тренингот со интензитет и опрема што најмногу ми одговараат.
Омилени справи за вежбање ѝ се Leg Press и Back Extension, а еве како изгледа нејзината фитнес рутина: ⬇️
Тренингот ми започнува со трчање на лента. Пред да започнам со интензивни мускулни вежби, правам вежби за истегнување, исто и на крајот на тренингот. Откако ќе завршам со вежбање, се туширам и јадам. Одлично е чувството да бидеш во топ форма, а тоа подразбира физичка активност. Иако многу пати не сум расположена за вежбање, после тренинг секогаш се чувствувам одлично. 💯
Музиката ѝ дава дополнително гориво за да го даде својот максимум при секој тренинг. Моментално, на repeat ѝ е следнава мелодија: 🎶
Мојот избор е вежбање во теретана, бидејќи таму има сè што ми треба од реквизити и справи за добар тренинг, а и луѓето се супер. На почетокот, кога почнав да вежбам со тежина имав личен тренер, но сега веќе не чувствувам потреба. Мислам дека е добра идеја да се започне со тренер во теретана бидејќи лесно е да се повредиш со кревање тежина ако не знаеш што правиш. 🏋️
Ангела работи како Senior Software Engineer во компанијата Netcetera.
Таа вели дека физичката активност носи голем бенефит и позитивно влијае на целокупното здравје, осебно ако поголемиот дел од денот го поминуваш во седечка позиција. 👨💻
Мислам дека е супер што преку ФитКит може да се закажат различни активности по желба и тоа овозможува одлична флексибилност, а апликацијата е и лесна за користење. Мислам дека за секого може да се најде некоја интересна активност. Со вежбање сите имаат и краткорочни и долгорочни придобивки. Нема некоја голема филозофија – just do it! 💪
За да дознаеш повеќе за Ангела:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Angela Jakimovska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @lady.angellique
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Angela Jakimovska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.