Вежбањето кик-фит тренинг во Fierce Fitness е нејзиниот омилен дел од денот, но и начин како да си ја тестира издржливоста на своето тело и да излезе од зоната на комфорт. 💪
Запознајте ја Бојана Русевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Кик-фит тренинзите ѝ помагаат на забавен начин да научи нова вештина, а притоа да согори многу калории, да го активира целото тело и да работи на оние проблематични мускулни групи за да ја оствари својата фитнес цел – зголемување на мускулната маса.
Мојата фитнес инспирација е замислата на самата себе како сум енергетски појака и поиздржлива. Омилена активност ми е вежбање кик-фит во Fierce Fitness, затоа што секој тренинг е различен. На тој начин, учам многу повеќе како за правилно изведување на вежбите така и за издржливоста на моето тело.
Од опрема за вежбање, најчесто користи боксерски ракавици, идеални за исфрлање на стресот и негативната енергија. 🥊
По работа, го ставам ранчето на мене и директно одам во Fierce Fitness на вреќа. Тренингот започнува со кардио како загревање, а потоа зависно од тренингот, се фокусираме на одреден дел од телото.
🎶 Она што дополнително ја мотивира да го даде својот максимум на вакви високо интензивни тренинзи е и следнава мелодија:
Најдобриот тренинг што сум го имала досега се состоеше од 10-15 минути кардио на вреќа, скокање со јажиња, вежби за стомак и на крај низок plank во времетраење од 3 минути. 🤯
Бојана преферира да вежба во група и со фитнес инструктор, бидејќи на тој начин добива поголем наплив на мотивација да го издржи темпото на тренингот, како и насоки за правилно изведување на вежбите.
Првата активност што Бојана ја закажала преку ФитКит апликацијата е масажа во студиото за масажа, физиотерапевтски и козметички услуги Карпино. 💆
Од тогаш, таа го користи ФитКит како начин да навлезе подлабоко во фитнес светот и да ја подобри својата ментална и физичка благосостојба.
Бојана работи како Corporate Services Assistant во компанијата One Inside Macedonia.
Таа вели дека вежбањето ѝ помага да има поголема енергија, поголем фокус на работа, зголемено ниво на мир и среќа. 💯
Со самото тоа што вработениот се фокусира на одреден fitness journey, тој ги подобрува својата ментална и физичка благосостојба, односно е посконцентриран, порасположен, помотивиран на работа, итн. Со колегите и колешките постојано разговараме за активности што би можеле да ги правиме заедно преку ФитКит апликацијата. Дури и оние кои не вежбаат, ги примамуваме да ни се придружат.
За да дознаеш повеќе за Бојана:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Bojana Rusevska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @bojanarusevska
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Bojana Rusevska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.