Ја започнала својата фитнес авантура за да ја регулира телесната тежина и да си го подобри изгледот. Сепак, набрзо сфатила дека вежбањето е многу повеќе од начин за обликување на телото, туку начин на живот. 💪
Запознајте ја Христина Караѓирова, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Придобивките од редовната физичка активност се непроценливи за целокупното телесно и ментално здравје. Целта ми е да бидам што е можно посилна и независна во извршувањето на моите обврски, да бидам секогаш во чекор со брзото секојдневие, да останам максимално активна и фит на долг рок. Сметам дека е огромна привилегија тоа што сум способна да го движам моето тело на начин на кој што сакам и не би ја заменила физичката активност со ништо на светот. 🙌
Бодибилдинг тренинзите со умерени тежини за хипертрофија на мускулите се нејзината омилена активност.
Од една страна, бодибилдингот ми претставува секојдневен физички и ментален предизвик со кој ја тестирам мојата сила и издржливост. Од друга страна, ми дава незаменливо чувство на задоволство и сатисфакција, особено кога резултатите се видливи.
Од морето инфлуенсери, нејзина најголема инспирација е брат ѝ Стефан. 👦
Иако има само 18 години, брат ми Стефан има знаење, дисциплина и резултати како човек што се занимава со фитнес со години. И покрај тоа што е доста помлад од мене, сепак тој ме поттикна да започнам со вежбање и најмногу ми помогна при учењето, предизвиците и правилната изведба на вежбите.
Една од инспирациите на почетокот на нејзиното фитнес искуство била и инфлуенсерката Krissy Cela која што има сличен стил на вежбање како нејзиниот.
Еве како изгледа нејзината фитнес рутина: ⬇️
Сметам дека една од моите подобри фитнес одлуки беше вклучувањето на повеќе денови за одмор. Со тек на време, почувствував стагнација на резултатите при вежбањето 5-6 дена во неделата, па неодамна се преориентирав на 3-4 подолги тренинзи, најчесто поделени на “push – pull – legs”. На тој начин, се чувствувам посвежа и попродуктивна. Вообичаено се обидувам да имам по два тренинга за нозе во неделата, притоа таргетирајќи различни мускулни групи. За жал, се случуваат и денови кога имам помалку време, па тогаш во рутината вклучувам повеќе антагонистички супер-сетови. Во последно време, се трудам и да ставам поголем акцент на загревањето на почетокот на тренингот и истегнувањето на крајот.
Следен фитнес предизвик за Христина е фокус на функционални вежби во рутината, тренинзи со висок интензитет и подобрување на начинот на исхрана. 🎯
Веројатно за некого моите тренинзи би биле здодевни, со оглед на тоа што вежбите и распоредот најчесто се повторуваат, а внесувам промени главно преку зголемување на тежината или евентуално воведување на некоја варијација. Поради тоа, немам некој тренинг што особено би го издвоила, но сепак најзадоволна сум кога ефективно ќе изведам 5-6 вежби во текот на тренингот, вклучувајќи композитни, унилатерални и изолирачки движења.
🎵 Плејлиста со енергична музика е задолжителен дел од нејзините тренинзи.
Често си се смеам сама себеси кога ќе ме понесе музиката, па почнувам повеќе да играм отколку да вежбам. 😂
Христина работи како Advertising Operations Specialist во компанијата LDSK (LiveDOOH Signkick).
Таа вели дека физичката активност е неизоставен дел од нејзиниот живот која значително придонесува за нејзиното ментално здравје, одржувањето на енергијата и намалувањето на нивото на стрес, што води до зголемена продуктивност на работното место.
Нашите тела се единственото место од каде што не можеме да побегнеме, затоа треба да бидеме сигурни дека нашиот престој во нив биде што е можно подобар. Доколку ја имате таа привилегија да бидете физички активни, тоа треба да го правите затоа што можете, а не затоа што морате. Вежбањето не само што гарантирано ќе ви го подобри здравјето, туку ќе ве направи и многу посреќни и позадоволни, а воедно ќе ве направи подобра верзија на самите себе во било кој аспект од животот. ФитКит е најдобриот фитнес партнер којшто би можела да го имам. 🏆
За да дознаеш повеќе за Христина:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Hristina Karagjirova
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @hristinaka
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Hristina Karagjirova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.