Како да знаеш дека си претерал/а со кревање тегови?

кревање-тегови

Колку силно е доволно силно? Како да ги дознаеш границите на својата сила? Како да не ја преминеш тенката линија помеѓу кревање на тегови за обликување на своето тело и измачување? Овие прашања се вечна дебата помеѓу фитнес тренерите. 🤔

За да ти дадеме одговор на сите овие прашања, ќе ги земеме за споредба светските рекорди во кревање тежини. 

Целта за еден фитнес ентузијаст, кој што нема намера да се натпреварува на бодибилдинг натпревари е 30%-40% од светскиот рекорд во било која вежба со тегови

Ова значи дека секој човек што ќе постигне 30%-40% од одреден светски рекорд може да се смета себеси за доволно силен. 💪

кревање-тегови

Овие бројки варираат во зависност од видот на вежбите со тежина:

Bench Press

🏆 Светски рекорд – 334 килограми

👌 Доволно силно за тебе – од 100 до 133 килограми

Back Squat 

🏆 Светски рекорд – 469 килограми

👌 Доволно силно за тебе – од 141 до 187 килограми

Dead Lift

🏆 Светски рекорд – 472 килограми

👌 Доволно силно за тебе – од 141 до 188 килограми

Clean and Jerk

🏆 Светски рекорд – 265 килограми

👌 Доволно силно за тебе – од 79 до 106 килограми

Overhead Press

🏆 Светски рекорд – 216 килограми

👌 Доволно силно за тебе – од 64 до 86 килограми

кревање-тегови

8 начини како да препознаеш дека си претерал/а со тежински тренинзи

❌ Интензивно вежбаш со тежина, а не ја добиваш формата што ја посакуваш.

❌ Вежбаш одредена мускулна група повеќе од 3 пати неделно.

❌ Забораваш да се одмориш барем еден ден помеѓу тренинзи со тежина.

❌ Ти застанува здивот при кревање голема тежина.

❌ Нивото на енергија ти е опаднато, а не знаеш зошто.

❌ Наеднаш имаш проблеми со несоница.

❌ Мускулите ти се послаби и подложни на повреди.

❌ Губиш желба да работиш на одредена мускулна група.

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.