ФитКит Херој на Неделата: Кристијан Младенов

kristijan-mladenov

Вежба за да ја задржи тензијата во мускулите, моменталната телесна тежина и форма на тело. 

Најдобрите тренинзи што ги имал биле за време на пандемијата кога сите се криеле по дома трошејќи го времето на социјални медиуми и Нетфликс, додека тој  инвестирал во својата физичка благосостојба. 🙌

Запознајте го Кристијан Младенов, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Најмногу практикувам вежбање во теретана и играње 3х3 баскет. Вежбањето во теретана ми помага да го обликувам телото и да работам на своите индивидуално послаби делови од телото. Баскетот, пак, го користам како еден вид на кардио тренинг бидејќи трчањето само од себе ми е монотоно како активност.

kristijan-mladenov

Неговата фитнес рутина е поделена во 3 дена: 

🏋️ Push day: Гради, трицепс, предно рамо. 

🏋️ Pull day: Грб, бицепс, трапезоид. 

🏋️ Leg/core day: Целосен тренинг за нозе во комбинација со вежби за стомак и половина.

За време на викенди, Кристијан најчесто се качува на Водно или игра баскет како замена за кардио тренинг. 

Најдобрите тренинзи што ги имав беа за време на Ковид-19 пандемијата. 10тина луѓе здруживме сили и опрема и секој ден во исто време се наоѓавме на кејот на реката Вардар каде што комбиниравме тежини со јавната градска опрема за вежбање. 🙌

kristijan-mladenov

Ако треба да бира дали да вежба сам или со личен тренер, во теретана или дома, неговиот избор е следниов: 

Преферирам да вежбам сам. Долго време вежбам и сум имал прилика да експериментирам со различни вежби, тежини, темпо на вежбање и редослед, така што од прилика знам кои комбинации најмногу ми одговараат. Дома имам опрема, меѓутоа, фокусот и мотивацијата се на друго ниво кога ќе решам да издвојам 1 час фокусирано време за тренинг во теретана. 💯

kristijan-mladenov

Ако може да запознае еден фитнес гуру, тоа дефинитивно би бил Арнолд Шварценегер.

Арнолд Шварценегер е човек кој започнал од нула и го освоил фитнес светот во време кога спортската медицина и општата свест на луѓето за фитнес била на многу ниско ниво. Покрај тоа, тој успеал во Холивуд и во политиката. Сигурен сум дека има многу работи што може да се научат од него. 

kristijan-mladenov

Кристијан работи како Junior QA Engineer во компанијата SoPro.

Тој вели дека штом влезе во ритам со фитнес активности, самиот фокус и расположение му се подобруваат, а со тоа и продуктивноста. 🚀

Има супер места за вежбање во понудата на ФитКит. Зошто да не пробаш некоја нова дисциплина или локација што досега не ти паднала на ум? Ако вежбањето во теретана сметаш дека е монотоно, можеш да пробаш групна активност за поголема мотивација или масажи и слични третмани. Во секој случај, ФитКит е одлична иницијатива на компаниите што сакаат да привлечат млади и активни луѓе

За да дознаеш повеќе за Кристијан:😎

📸 Пиши му на Инстаграм: @mladenov.v2

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Kristijan Mladenov

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore