ФитКит Херој на Неделата: Марија Гелева Петрески

Marija-Geleva

Вежбањето ѝ ја дава потребната сила и енергија за денот, а физичките промени се неизбежни и јаготка на шлагот во целата приказна наречена здрав начин на живот.

Запознајте ја Марија Гелева Петрески, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Фитнес и возење mountain bike се нејзините омилени физички активности, без коишто не може да си го замисли денот.

Ми требаше некој вид на challenge кога започнав со вежбање. Сега од оваа перспектива се прашувам зашто многу порано не започнав со редовно вежбање во теретана. Од мала сум доста дисциплинирана и реално фитнес или било која друга активност/спорт едноставно не оди ако не си дисциплиниран. Така што, веќе скоро 2 години редовно вежбам во Палестра (не знам дали некогаш би сменила теретана). 

Marija-Geleva

Нејзината дисциплинираност се покажува на дело со тоа што таа вежба 5 пати неделно во 6:30 часот наутро.

✅ Понеделник вежбам грб и бицепс. 

✅ Вторник е најтешкиот ден според мене, а тоа е секако leg day. 

✅ Среда е резервиран за гради, рамо и трицепс. 

✅ Четврток е ден за одмор.

✅ Петок е посветен за Glutes и задна ложа. 

✅ Во сабота најчесто правам кардио од саат време и плус стомачни. 

✅ Недела е повторно ден за одмор. 

Секој мој тренинг започнува со загревање, или 10 минути на трака, или со вежби за загревање што траат 5-10 минути. А потоа започнува интересниот дел. Тренинзите ми траат од прилика од 1 час до 1 час и половина. На крај на секој тренинг, задолжително следува добро истегнување за да избегнеме вкочанетост во мускулите. 

Marija-Geleva

Песната Can’t Stop the Feeling! од Justin Timberlake најдобро ја опишува динамиката и интензитетот на нејзината фитнес рутина, благодарение на која Марија постигнала одлични резултати:

Благодарение на вежбањето, ги намалив телесните масти, ја зголемив мускулна маса и успеав да го тонирам тело како што сакам. 🙌

Squats и hip thrust се вежбите што досега се покажале како најефективни за нејзе. 

Иако сметам дека сите вежби се ефективни за својата намена и секако најважно ако правилно се изведени, но ако треба баш да одберам, тоа би биле squats и hip thrust. Со редовно вежбање (и внимавање на исхрана) даваат одлични резултати за совршени нозе и задник. 

Marija-Geleva

Вежбање без режим на исхрана не дава резултати какви што посакуваме, смета таа. 

Секој ден имам 3 главни оброци, со 2 ужинки измеѓу и многу вода. Оброците се високопротеински (месо, јајца, whey protein), надополнети со здрави масти, овошје и зеленчук. 🥑

До крајот на 2024та година, Марија има за цел да стане уште посилна во изведување на вежбите со тежини. 

Ќе продолжам со мојата рутина на вежбање и балансирана исхрана, бидејќи одлично ми влијае на целокупната психо-физичка состојба. Би сакала да пробам Reformer Pilates, бидејќи преженствено ми е целото вежбање на тие справи. 

Marija-Geleva

Многу ретко се случува Марија да нема мотивација, бидејќи знае дека ако не отиде во теретана ќе ѝ биде многу криво. Уште еден доказ за нејзината челична дисциплина. 💪

Rome wasn’t built in a day. Бидете трпеливи, зададете си реалистични цели бидејќи ова е процес кој трае, односно би требало да трае низ целиот наш живот. Вежбајте паметно за да избегнете повреди. Ако не сте сигурни дека може да почнете сами, размислете да работите со квалификуван тренер. Од лично искуство препорачувам вежбање со личен тренер, поздрав до Симона од Палестра

За да дознаеш повеќе за Марија:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Marija Geleva Petreski

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @marija09g

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Marija Geleva Petreski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore