ФитКит Херој на Неделата: Њомеза Хаљиљи

Њомеза Хаљиљи

Редовното вежбање ѝ помага не само да го подобри своето физичко здравје, туку и да добие менталната јасност и самодоверба, што е од клучно значење за да успее во секојдневните предизвици. 💪

Запознајте ја Њомеза Хаљиљи, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Бев мотивиранa да започнам со вежбање за да го подобрам моето ментално здравје. Имав желба да ги зголемам апетитот и тежината, што дополнително ми ја засили одлуката да се посветам на редовно вежбање.

Нејзината омилена физичка активност е тренингот со тегови. Овој вид на вежбање ѝ овозможува да развие сила, издржливост, да постави нови цели и да ги надмине сопствените предизвици. 

Њомеза Хаљиљи

Песната Without Me од Eminem најдобро го доловува интензитетот на нејзината фитнес рутина.

Вежбам 5 пати неделно. Четири од овие денови се посветени на тренинг со тегови, фокусирајќи се на различни мускулни групи за горниот и долниот дел од телото. Еден ден во неделата го резервирам за кардио активности, што ми помага да ја подобрам издржливоста и општата фитнес состојба. Оваа структурирана рутина ми овозможува оптимално комбинирање на сила и кардио тренинг. Најефективната физичка активност за мене е тренингот со тешки тегови, особено Deadlift и Barbell Squat. Овие вежби покажаа значителен позитивен ефект на мојата сила и физичка кондиција. Тие не само што придонесуваат за развој на мускулна маса, туку и за зајакнување на целокупниот физички капацитет. 

Откако започнала со редовно вежбање, Њомеза забележала значителен напредок во своето ментално здравје. 

Тренингот не само што ми помогна да усвојам по здрави навики во исхраната, туку и да ја зголемам тежината на адекватен начин. Мојата енергија е многу повисока, а мојот имунолошки систем е зајакнат. Верувам дека овие позитивни промени се од големо значење за мојата благосостојба и квалитет на живот.

Њомеза Хаљиљи

Како дел од својот режим на исхрана, таа се фокусира на внес на поголеми количини на протеини од природни извори. 🥩

Веќе неколку месеци не користам протеински прашоци и се потпирам само на храната за да го зголемам протеинот. Единствено користам креатин како додаток за поддршка на мојата тренинг рутина. Оваа стратегија ми помага да ја оптимизирам исхраната и да постигнам подобри резултати во мојата фитнес програма.

Кога ја мрзи да вежба, се потсетува на тоа како се чувствува по тренинг – полна со енергија, задоволна и ментално освежена. 🤩

Користењето на FitKit имаше многу позитивен импакт врз мојот живот. Оваа апликација ми овозможува не само да го следам мојот фитнес режим, туку и да се опуштам преку услуги за релаксација и масажа, сè на едно место. Нејзината флексибилност ми овозможува лесно да ги променам теретаните, што ми е особено корисно кога немам многу време. 

Њомеза Хаљиљи

Нејзиниот следен фитнес предизвик е да го зголеми интензитетот на своите тренинзи и да постигне нови лични рекорди во вежби како deadlift и barbell squat. 

Планира да пробам kickboxing за подобра издржливост и координација, бидејќи верува дека тоа ќе внесе свежина и предизвик во нејзината фитнес рутина. 🥊

Мојот совет за некој што почнува со вежбање е да не брза и да биде трпелив со процесот. Постави си реални цели и фокусирај се на техниката пред тежината или интензитетот. Важно е да најдеш активност во која што уживаш за да го направиш тренингот одржлив на долг рок. Исто така, не заборавај дека конзистентноста е клучот – секој мал чекор води до напредок, дури и кога резултатите не се видливи веднаш.

За да дознаеш повеќе за Њомеза:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Njomëza Halili

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @njomezahalili

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Njomëza Alili

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.