ФитКит Херој на Неделата: Симона Костовска

Симона Костовска

Љубовта кон фитнесот ја води уште од своите 17 години, кога за прв пат почнала да вежба во тогашното студио на нејзиниот братучед. 🏋️

Денес, таа ни е пример дека вежбањето е одличен начин за одржување на позитивен став кон себе и своето тело.

Запознајте ја Симона Костовска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

На 17 години, кога за прв пат почнав со фитнес, ми беше нешто ново, забавно и предизвик. Со години сум конзистентна, но во 20те тоа беше со помал интензитет. Пред 2 години, после ковид пандемијата, повторно одлучив да се вратам во форма. Почнав да соработувам со Алек Дренко кој направи одново да се заљубам  во фитнесот, ми отвори нова перспектива и ми помогна за да поставам mindset на вистински љубител на теретана и физичка активност. Денес, за мене вежбањето е приоритена активност и секогаш наоѓам време за тренинг.

Симона Костовска

Фитнес и кревање тежини се нејзините омилени физички активности бидејќи ѝ претставува задоволство кога ќе постигне одредена цел и ќе забележи колку голем прогрес имала од почетокот до сега. 

А динамиката на нејзината рутина најдобро се доловува со мелодијата Satisfaction од Benny Benassi

Моментално вежбам 4 пати неделно и генерално тоа е попладне. Во денови кога имам повеќе обврски се трудам да вежбам наутро, но не сум баш morning person. Генерално во теретана можете да ме сретнете по 18 часот.

Симона Костовска

А еве како изгледа нејзиниот неделен фитнес распоред: ⬇️

Тренинзите ми се состојат од комбинација на тежински тренинг за секоја мускулна група + кардио тренинг. Моментално вежбам со темпо – понеделник: тежински тренинг + кардио, вторник: кардио, среда: одмор, четврток: тежински тренинг + кардио, петок: кардио и 2 дена одмор за време на викенд. Се трудам да одам со овој распоред, но правам и исклучоци и промена во одредени денови, секако согласно други обврски во тој период. 

Благодарение на конзистентноста, правилната насока од тренер, добрата исхрана, Симона успеала да направи целосна рекомпозиција на своето тело, зголемување на мускулната маса и намалување на мастите.

Освен физичките придобивки, вежбањето има одличен импакт и врз нејзиното психичко здравје и mindfulness

Комбинација од squats, RDL, hip trusts, sumo deadlift кои се само дел од вежбите за нозе, се покажале како најефективни за мене. Доста брзо прогресирам на истите и ми носат супер резултати. Морам да ја спомнам и assisted pull ups, како една од вежбите што ми претставува предизвик и ми е омилена за грб.

Симона Костовска

Оној што редовно вежба, знае дека смешните ситуации се неизбежен дел од секој тренинг.

Најсмешната ситуација што ми се случила при вежбање беше кога ми се скинаа хеланките за време на вежби за нозе. 😅 Некое време не ги забележав, а кога сфатив, се потрудив да ја прикријам дупката, хаха. Се надевам дека другите околу мене ништо не видоа.  

Во моментов Симона се труди да е во калориски дефицит, за да намали на масти, но нема некоја специфична диета што точно да јаде за секој оброк

Со помош на мобилна апликација следам колку калории внесувам и кои се нутритивните вредности на храната која ја јадам. Балансирам со внес на протеин во различни форми, растителни влакна и јаглехидрати (секако помалку). Протеинските чоколатца и пудинзи со малку шеќери ми се омилени кога сакам да си ја задоволам потребата за благо, а повторно да јадам здрава варијанта. 

Симона Костовска

А кога не ѝ е денот или ја мрзи да вежба, еве како Симона се мотивира: 

Имам доста профили на фитнес креатори кои ги следам на Инстаграм. Во такви моменти знам да отворам Инстаграм и да разгледам дел од нив за да се потсетам на целите што си ги поставувам. Друг начин е однапред да се договориш со gym buddy за заедно да вежбате, па нема да сакаш да откажеш во таа ситуација. Една од работите што исто многу ми помага е секогаш да имам подготвена торба со опрема во кола, за да немам изговор дека не сум спремна во било кој момент за тренинг. 💡

Симона работи како Community Manager во Netaville

Таа вели дека ФитКит како бенефит за вработени ѝ дава слобода да избере од бројните опции за тренинг, а со тоа да биде и попродуктивна и посветена на работните обврски и сите активности во текот на денот. 

Првата активност што Симона ја закажала преку ФитКит апликацијата е фитнес тренинг во Synergy fitness. Две години подоцна, ова е местото каде што таа редовно вежба и се чувствува најудобно.

Откако започнав да ја користам ФитКит апликацијата, полесно ми е да си ги следам целите, бидејќи ако некогаш знам дека немам доволно време за одредена активност или да стигнам во одреден дел од градот за теретана, знам дека секогаш ќе најдам нешто што ми е во близина и нема да го пропуштам тренинг.

Алек Дренко е нејзиниот фитнес тренер и херој. 🦸

Мојот фитнес херој е дефинитивно Алек Дренко, бидејќи е навистина добар фитнес тренер и досега за секој совет што сум го добила никогаш не погрешил. Секогаш е позитивен и наоѓа начин како да се надмине секоја препрека. Ова многу ми помага во мотивацијата да бидам конзистентна и упорна кога станува збор за моите фитнес цели.

Симона Костовска

Подобрување на личните резултати во weight lifting и да остане конзистентна со 4 тренинзи неделно се нејзините фитнес цели за 2024та. 

А во план ѝ е и да му даде шанса на планинарењето како дополнителна активност покрај фитнесот.

Почни да си поставуваш помали цели на почетокот. На пример, оваа недела да одиш барем 2 пати во теретана или да возиш точак на кеј. Следната недела да додади некоја вежба што не си ја пробал/а претходно или да го искачиш Водно до пола и слично. Ако имаш можност, консултирај се со професионален тренер додека да стекнеш рутина или пак вежбај во група. На овој начин, полесно ќе стекнеш навика и помалку ќе имаш отпор од вежбањето. Резултатите сигурно ќе дојдат и секој следен тренинг ќе биде сѐ полесен, само прави го тоа во твое темпо. Верувај дека и тие кои во твоите очи изгледаат фит, ти се инспирација и слично, се борат сами со себе во одредени моменти.

За да дознаеш повеќе за Симона:😎

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: simona.k_93

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Simona Kostovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore