Тенисот му е омилена активност уште од мали нозе. Самото излегување на терен, играта на отворени игралишта, вдишувањето чист воздух и самата компетитивност го прават тенисот дисциплина без која што не може да си го замисли денот. 🎾
Запознајте го Васил Дедејски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Уште од мал, активно играм тенис и можам да кажам дека бев кондиционо спремен. Но, како што почна професионалниот живот и обврските што поголем дел од денот значат седење, престанав активно да играм тенис и кондиционната форма ми се намали. Моментот кога почувствував дека не можам да издржам ниту близу како што би играл на времето, сфатив дека е редно време активно да почнам да вежбам во теретана за колку-толку да си ја вратам формата.
Покрај тенисот како индивидуален спорт што бара многу физичка, но и ментална посветеност, друга омилена активност му е скијањето и адреналинот што произлегува од него. ⛷️
Дефинитивно тенисот е најефективната активност за мене. Само поради тоа што добра игра знае целосно да те исцрпи кондиционно, нешто што во теретана е тешко. Но, добар спаринг во тенис за 40 минути без паузи може да биде доволен за следните 2-3 дена да си комплетно изморен.
Песната Vance Joy од Riptide најдобро ја прикажува динамиката на неговата неделна фитнес рутина. ⤵️
Пробувам да бидам редовен и вежбам 3 до 4 пати во теретана. Ги распоредувам тренинзите зависно од годишното време. Во зима вежбам наутро, а во лето поручек или кога ќе завршам со работните обврски. Но, пробувам да ги сфатам вежбањето и физичката активност исто така како обврска.
Редовен Intermittent fasting е тајната позади неговите резултати. 🍏
Правам intermittent fasting редовно веќе 2 години, со исклучок на летото. Љубител сум на благо и слатки и тоа е предизвик што некако го менаџирам со intermittent fasting. Сметам дека ние луѓето се чувствуваме подобро ако се храниме здраво, па пробувам во голем дел од времето храната што ја јадам да биде на некое ‘здраво’ ниво.
Како Machine Learning Engineer во компанијата Netcetera, Васил вели дека користењето на FitKit апликацијата и редовното спортување, му помага да биде попродуктивен, пофокусиран и со повеќе енергија.
Првата активност што ја закажал преку FitKit апликацијата e вежбање во теретана. 🏋️♂️
Сакав да пробам да вежбам во повеќе теретани низ Скопје и успеав тоа да го постигнам со FitKit. Следната активност што ја пробав беше пливање. Колега од работа активно одеше и некако цел тим се охрабривме да одиме на пливање. Исто така, редовно ги користам и масажите преку FitKit.
Откако почнал да ја користи апликацијата, тој вели дека станал поредовен во вежбањето и многу поспремен кондиционо за да своите омилени активности како скијање, играње тенис, итн.
Живеам во Струмица, но често патувам и за Скопје, па некако FitKit ми е перфектен за да си ја одржувам формата. Ти треба само една претплата за да посетуваш теретани низ целата држава. Кога си во од, таква флексибилност ти е повеќе од потребна!
За да дознаеш повеќе за Васил:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Vasil Dedejski
📸 Пиши му на Инстаграм: @vdedejski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Vasil Dedejski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.