Фитнесот ѝ дава енергија и сила за добар почеток на денот, а јогата го “апсорбира” сѐ она што се случувало во тековниот ден, ги ослободува мислите и чувствата за уште подобар завршеток на денот. 🙌
Запознајте ја Анастасија Спасовска од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Мојата инспирација е она што можам да бидам утре, доколку денес се придржувам до своите навики. Сметам дека најлојални може да останеме на идејата за подобрена верзија од себе. Себе-подобрувањето ми е една од омилените цели, а за да се постигне истата сметам дека книгите играат клучен фактор. “Good vibes, good life” од Векс Кинг ќе ви открие една нова перспектива кон животот, ставање приоритет на својата благосостојба и градење на здрави врски во своето опкружување.
Анастасија вежба во теретана и практикува аштанга јога. 🧘 Овие две активности го балансираат нејзиното темпо на живот и ѝ помагаат да ја замени негативната енергија со позитивна.
Станувам во 06:00 часот и подготвувам оброци за тековниот ден. Доколку денот ми е наменет за фитнес, тогаш вежбам пред работа. Фитнес рутината секогаш почнува со загревање, продолжува со предвидениот тренинг за дента и завршува со истегнување. Доколку дента имам час по јога, одам веднаш после работа. Во секој случај, се трудам секој ден да го завршам со истегнување, бидејќи ми помага за ослободување на тензијата и подобар сон.
Медитацијата значително ѝ помага да остане смирена и психички подготвена за предизвиците што ќе ѝ ги наметне денот.
Ова е нејзината омилена медитативна музика: ⬇️
Анастасија има многу смешни ситуации од вежбање, а еве кои ѝ останале вмрежани во сеќавањето:
Една од најсмешните ситуации ми беше пред многу години кога паднав на лента за трчање. Поради брзината, лентата ме исфрли цел метар подалеку од неа. 😁 Често се случува и да се “заглавам” во некоја јога поза пред да ми текне како да се вратам во нормалната положба.
Првите активност што ги закажала преку ФитКит апликацијата биле во фитнес центарот MissFit и јога студиото Pure каде што веќе вежба подолг период со фокус на флексибилност и градење lean muscle. 💪
ФитКит те мотивира да бидеш редовен на своите тренинзи со самото закажување на термин, а бенефитите од таа посветеност непосредно влијаат на концентрацијата и остроумноста.
Анастaсија работи како Marketing Executive во компанијата 6Pro Marketing која го вклучува ФитКит како дел од пакетот за бенефити за вработени.
Таа вели дека кога вработениот е среќен и задоволен, компанијата има уште поголеми придобивки од тоа. 💡
Сѐ што вклучува подобрување и надградување е голем плус за вработените и компанијата. Постојат онолку физички активности колку што постојат и типови на луѓе и секој може да се пронајде во нешто доколку проба. Мотивацијата и доследноста се клучни фактори за одржување на физичкото и менталното здравје. 🙏
За да дознаеш повеќе за Анастасија: 😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Anastasija Spasovska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @anastasijaspasovska
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Anastasija Spasovska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.