Вежбањето е време што си го посветува само за себе, за своите мисли и омилената музика.
Нејзината цел е да оформи здраво тело, физичка издржливост и да инвестира во своето здравје за телото да ѝ служи соодветно што е можно подолго и во текот на староста. 🙌
Запознајте ја Аника Метикош од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Засега вежбам 3 пати неделно, од прилика по 2 ипол до 3 часа. Во работни денови, најчесто започнувам со вежбање после 18 часот (не сум личност која функционира наутро). Тренинзите започнуваат со загревање на велосипед или трака и истегнување. Продолжувам со вежби со тежини (2 пати во неделата за нозе и задник и еднаш за раце, грб и стомак), и на крај завршувам со кардио вежби (трчање или искачување на трака, орбитрек или велосипед) кои имаат за цел трошење околу 250 калории. Конкретна омилена активност немам, мора да се извежба сè што ќе даде тренерот – без разлика дали ми се допаѓа тоа или не. 😅
Нејзината фитнес инспирација е Роберт Рикиќ, професионален кошаркар и нејзин вереник. ❤️
Тој е одличен спортист кој покрај редовните тренинзи, дополнително вежба за да инвестира во своето здравје, се исхранува според специјален режим, избегнува шеќери и алкохол, сè со цел телото да го служи во врвна форма што подолго. Верувајте дека со своите 33 години е поиздржлив од многу спортисти кои се 10 години помлади од него. Тој ми ја внесе љубовта кон фитнесот и здравата исхрана. Што е најважно, ми покажа дека можам и дека упорноста може да донесе само резултат. 🔥
Аника вели дека според нејзиното искуство, вежбањето со личен тренер е одлична инвестиција, особено за почетници.
Јас бев почетник и со цел да го извлечам максимумот и да се осигурам дека правилно вежбам, започнав и сè уште вежбам со личен тренер. Тренерот го следи мојот прогрес, ми ги прилагодува вежбите и тежините за најдобро да ја постигнеме следната цел. Најтопло препорачувам почетници да инвестираат во личен тренер. Имам пријатели кои вежбаат 2-3 години на своја рака, со вежби симнати од интернет, но во споредба со нив, јас имам многу поголем напредок за само 10 месеци активно вежбање со тренер. 💡
Не ѝ е потребна премногу опрема за фитнес. Нејзиниот ранец за вежбање содржи хеланки, топ, ракавици за вежбање, шише со вода, пешкир и дополнителен јога мат за деновите кога вежба хип траст.
Добриот ритам е неизоставен дел од нејзините тренинзи. Но, следнава мелодија особено ја мотивира кога вежба кардио: 🎶
Најопасната ситуација што ѝ се има случено при вежбање е следнава:
Кога почнував да додавам дополнителна тежина на шипката за хип траст, не претпоставив дека може да изгубам рамнотежа. Секако, тоа и се случи – плочите се распаднаа на сите страни, па дечките од теретаната ме упатија дека постојат стегачи за таа намена. 🤭 За среќа, никој не се повреди.
Аника работи како Talent Acquisition Lead во компанијата IT Labs.
Таа вели дека редовното вежбање придонесува за подобро ментално здравје што ѝ е потребно за извршување на нејзината високо динамична работа.
Користејќи го ФитКит, не сум врзана само за членство во една теретана. Можам да вежбам било каде и да се наоѓам во моментот, без потреба да се трудам да стигнам некаде, особено доколку тој ден сум работела од канцеларија. Едноставно ми заштедува многу време! ⌛
Според неа, со проширувањето на активностите како разговор со психолог што можат да се користат преку ФитКит, вработените значително повеќе го чувствуваат бенефитот од апликација како ФитКит.
Здравје, здравје, здравје! Вежбајте за себе, инвестирајте во себе, не постои подобар подарок што можете да си го дадете! 🎁
За да дознаеш повеќе за Аника:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Anika Metikosh
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @anikametikosh
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Anika Metikosh
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.