ФитКит Херој на Неделата: Давид Галевски

david-galevski

Својот пристап кон фитнесот го насочува кон интегрирање на здрави навики во секојдневната рутина, а не само кон постигнување на одреден број килограми на вага или зголемување на мускулатурата. 💪

Запознајте го Давид Галевски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Верувам дека современиот начин на живот нè тера да бидеме многу неактивни, а нашите тела да не се соочуваат со физичките предизвици за кои што се еволуирани. Мојата фитнес цел е да живеам живот со здрави навики кој вклучува дневна физичка активност и балансирана исхрана составена од храна која постоела со векови. Со тоа, се надевам на подобро здравје и задржување на најважниот аспект од сопственото тело – оптималното функционирање.

david-galevski

Пливањето и трчањето се неговите омилени активности. 

Омилена активност ми е трчањето, бидејќи бара најмалку спремање и опрема. Буквално треба само да излезеш од дома и да почнеш да трчаш. 🏃 Но, поради неколку повреди изминативе години, не можам да трчам редовно, па затоа почесто пливам. За разлика од трчањето, пливањето бара многу повеќе време и опрема, бидејќи треба да имаш купачи, капа, наочари, ФитКит кредити за да можеш да одиш на базен и да ти одговара терминот. За прв пат во мојот живот на базен отидов во април 2022. Имам уште многу до достигнување на некоја „добра“ техника, можеби и затоа уживам во процесот. Сакам да чувствувам како секој ден учам по нешто ново за пливањето. Навистина сакам “монотони” спортови каде што можам да бидам сам со себе долго време, без разлика дали размислувам за нешто корисно или го исклучувам мозокот. 

david-galevski

Првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата е токму пливање во базен. 🏊

Го скршив зглобот на ногата, па ми препорачаа пливање како активност за рехабилитација. Пробав, ми се допадна и еве помина една година и сè уште пливам редовно.

david-galevski

За да ги зајакне слабите делови од своето тело, Давид често ќе го најдеш во фитнес студиото на ATG Macedonia. 🏋️

Освен базен, одам и во студиото на АТГ Македонија, што ми дава некоја дополнителна целина и каде што ги зајакнувам слабите делови на моето тело. Сметам дека АТГ е еден од најдобрите начини на вежбање за луѓе што имаат историја со повреди на нозете.

А еве како изгледа неговата фитнес рутина: ⬇️

  • Понеделник, среда и петок – посета на фитнес центарот ATG Macedonia.
  • Вторник, четврток, сабота и понекогаш недела – посета на базен.
  • Сабота и недела – поминување време на сонце во природа и играње фризби.

david-galevski

Давид има интересни начини како да го интегрира вежбањето за време на работните часови. 

Дома имам гимнастичарски карики, вратило и неколку тегови што ги вклучувам во моите вежбања. Но, во последно време сè почесто и почесто ги користам не за структурирани вежбања, туку во моментите кога имам вишок енергија или ми е досадно. На пример, на пат до кујната или додека гледам серија, знам да висам по 30-40 секунди од вратилото, или, пак, за да ја сменам монотонијата од седење пред компјутер ќе ги земам теговите за да си поиграм. 😅

Инспирација за вежбање црпи од животниот стил на нашите предци. 

Мојата инспирација е всушност многу проста. Ги замислувам нашите предци и нивниот начин на живот. Кога ќе го споредам тоа со нашите 8 часа седење на работа, па 1 час седење во кола накај дома, па 1-2 часа одмарање од работа, ме мотивира да бидам што е можно поактивен во секој дел од денот. Наспроти гледање на фитнесот како нешто што се прави интензивно 1 час во теретана, сметам дека постојано треба да менуваме мали делови од нашите навики како одење пешки или со велосипед на работа и генерално размрдување на телото што е можно повеќе. 🏃

Еве која е најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање:

Еден од најсмешните моменти што сум ги имал беше кога постигнав ново најбрзо време на пливање. Бев радосен и еуфоричен да го споделам мојот успех со еден близок пријател кој што плива со години. Кога се пофалив со мојот резултат, ми рече дека сум пливал со истото време на натпревар во 5то одделение. 😁 Вакви ситуации само ме мотивираат повеќе, бидејќи ме потсеќаат дека секогаш има простор за подобрување и дека не мора секогаш да ги сфаќаме работите сериозно. 

david-galevski

Давид смета дека пронаоѓањето на вистинската физичка активност е нешто што се случува по експериментирање со повеќе дисциплини. Тој преферира да вежба сам, најчесто од дома.

За мене вежбањето од дома е попродуктивно, бидејќи не одзема време за  подготовка и транспорт. Но, сметам дека наоѓањето на активност во која уживаме и ни е интересна е најважно. Имам силно верување дека нема правилен начин на вежбање што треба да го научиме од некој. Секој од нас е различен и нема добри и лоши начини на вежбање. Сметам дека најважно е да најдеме нешто што ни се допаѓа и да го практикуваме редовно. Со текот на времето, сами ќе сфатиме кои работи се добри, а кои лоши за нас, па ќе ја смениме рутината во зависност од тоа. Само со правење мали чекори секој ден, по неколку години редовна физичка активност ќе имаме огромен напредок. 📈

david-galevski

Давид работи како Machine Learning Engineer и Data Scientist во компанијата Netcetera.

Тој вели дека ФитКит е еден од најважните бенефити кои што ги нуди неговата компанија. 

Имам среќа да работам со многу активни колеги кои што ми се инспирацијата да вежбам повеќе и да водам поздрав живот. На страна од бенефитите што ги имам од вежбањето, вежбањето со колегите е како тим билдинг. На тој начин, станувам поблизок со колегите, а со тоа и попродуктивен на работа. 💯

За да дознаеш повеќе за Давид:😎

📸 Пиши му на Инстаграм: @davidgalevski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: David Galevski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore