Зошто градењето мускули е потешко кај жените?

simona-ristovska

Aтлетско тело е сон на многу жени. Но, што е она што ги спречува голем број жени да креваат тегови? 🏋️ 

Стравот дека може да се претворат во мускулести суштества за многу кратко време. 😳

Сепак, оваа загриженост е целосно неоснована, бидејќи токму гените ги попречуваат нашите планови. ❌

Во споредба со мажите, жените имаат премалку тестостерон и премногу естроген во крвта за да создадат прекумерна мускулна маса. Ова значи дека шансата да станеш бодибилдерка преку ноќ се сведени на нула. 0️⃣

Но, од друга страна, шансите за фит и затегнато тело ти се сè подобри. 😉

simona-ristovska

Симона Ристовска од Скопје, наш FitKit Plus тренер и дел од тимот на Palestra Fitness Center, објаснува зошто градењето мускули е потешко кај жените, кои се најефективните вежби за обликување на телото и како исхраната може да ти помогне во овој процес.

Жените имаат премалку тестостерон и премногу естроген за создавање мускулна маса

Кај поголем дел од жените е потешко градење на мускулна маса. Во споредба со мажите, жените имаат премалку тестостерон и премногу естроген во крвта за да создадат прекумерна мускулна маса. Затоа, потребнa е поголема посветеност на исхраната со правилно избалансирани оброци и рутина за вежбање за една жена да може да ги постигне посакуваните резултати. 🎯

simona-ristovska

Редовен тренинг е клучот за поефективно обликување мускули

Ако имаш желба да започнеш со тренинг за градење мускули, имаш неколку опции: 

#1: Вежбање дома со сопствена тежина;

#2: Вежбање дома со додадена тежина и реквизити како вратило, тегови плочки, еднорачен тег, ластик за отпор, руско ѕвоно, клупа за вежбање и слично;

#3: Вежбање во теретана со сопствена тежина;

#4: Вежбање во теретана со додадена тежина;

#5: Вежбање со професионален тренер (онлајн или во фитнес студио).

Кога станува збор за обликување на мускули, само редовниот тренинг води кон целта. Градењето на мускулите бара да ја напуштите зоната на удобност за време на тренингот и да одите до вашите граници на изведба, односно вашиот максимум. 💪

Ефективни вежби за обликување мускули

🎥 Симона споделува 3 вежби што ќе те насочат како правилно да ги активираш сите мускули од задникот во тренинг од 20 минути:

Мускулите се прават во кујна

Храната е основата за добар обликуван мускул.

🤯 Голем број на фитнес експерти тврдат дека 70% од резултатот зависи од начинот на исхрана, а само 30% од тренингот. 

Многу жени едноставно не консумираат доволно калории. За ефикасно градење на мускулите, важно е да се обезбеди доволен внес на протеини, бидејќи тие се најважниот градежен материјал на мускулите. 🥩

simona-ristovska

Ако сакаш да вежбаш со Симона, отклучи ја FitKit Plus програмата Sim Fit. ⬅️

Станува збор за 6 различни тренинзи, поделени според мускулни групи и кардио вежби, што ќе ти помогнат во топење на вишокот масни наслаги, тонирање и зацврстување на целото тело.

Ако имаш дополнителни прашања за Симона, еве каде можеш да ја најдеш:

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Симона Ристовска

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @simona_ristovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore