ФитКит Херој на Неделата: Илија Лалковски

ilija-lalkovski

Свири гитара, обожава spicy food, игра board games, гејма, вози точак и не ги пропушта утринските тренинзи за енергичен старт на денот. 🤸

Запознајте го Илија Лалковски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Прогресот што го добива со константно вежбање е неговата главна инспирација. 

Пандемијата беше прилично добар показател дека може и дома да се вежба и да се има прогрес доколку се има мотивација и упорност за истото. Карантините ме натераа многу повеќе да го ценам времето поминато надвор, без разлика дали станува збор за возење велосипед, планинарење или едноставно пешачење.

ilija-lalkovski

Првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата било релакс масажа во Fitness & Spa Park. 💆

Од сите активности досега, најмногу се пронајдов во теретана. ФитКит ми ја дозволува опцијата да тренирам во различна теретана секој ден, наместо да бидам обврзан да одам само на една локација. 🏋️

Како човек кој своето фитнес патување го започнал со вежбање P90X по дома во своите средношколски денови, Илија смета дека онлајн тренинзите се сосем погоден начин за вежбање за луѓето што имаат динамичен lifestyle полн со обврски и кои не можат секогаш да одвојат 1-2 часа за вежбање во теретана.

ilija-lalkovski

Секогаш може да најдеме барем половина час во денот за физичка активност што ќе ни се одрази позитивно. Не мора да е тоа вежбање. Одлични алтернативи што ги практикував како кардио се одење по 10 илјади чекори дневно или возење велосипед по 30 минути дневно. Ако некаде можев да стигнам со велосипед или пешки, наместо со автомобил, го правев тоа. Сè уште користам велосипед за избегнување на скопските гужви и за експресно стигнување во канцеларија. 🚲

Како Software Engineer во компанијата Upshift, користењето на бенефит како ФитКит апликацијата има бројни придобивки за него:

Физичката активност придонесува да се намали стресот при работата. Секоја компанија што вложува во физичката активност на работникот, вложува и за неговото физичко и ментално здравје. 👏

Илија Лалковски

А кога мотивацијата за вежбање му е на ниско ниво, еве како се убедува да вежба:

Во глобала, се убедувам себеси дека после тренингот ќе се чувствувам подобро, бидејќи во 100% од времето тоа е случајот. Бидејќи вежбам пред работа наутро, денот откако ќе ми почне со вежбање ми е поенергичен и поведар. 💪

За да дознаеш повеќе за Илија:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Илија Лалковски

📸 Пиши му на Инстаграм: @ilija.lalkovski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ilija Lalkovski

 

FitKit logoФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.