Како твоите животни навики влијаат на здравјето на твоето срце?

Александар-Колев

Дали некогаш си размислувал/а за тоа како твоите животни навики се одразуваат врз здравјето на твоето срце? 🤔

Дали креваш паника секогаш кога ќе видиш дека ти се покачил шеќерот во крвта, холестеролот или триглицеридите?

Кои се првите сигнали за проблеми со срцето? 😔

Во оваа епизода на Wellcast with Josif, нашиот познат кардиохирургот Александар Колев ќе ти одговори на овие дилеми и ќе ти сподели интересни податоци што веруваме не си ги знаел/а досега. ⬇️

Колку твоите животни навики влијаат на здравјето на твоето срце? 

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, а најопасни се болестите што настануваат поради артеросклероза, забавување на сите артерии во човековото тело. 

zdravo-srce

Ризик фактори за појава на артеросклероза се внатрешни фактори на коишто НЕ можеме да влијаеме: 

❌Генетика

❌ Возраст

❌ Пол (мажите заболуваат почесто, а жените се безбедни најчесто до менопауза)

❌ Раса (црната раса има поголем ризик од заболување)

Ризик фактори на коишто можеме да влијаеме: 

✔️ Нерегулиран дијабет

✔️ Покачен крвен притисок

✔️ Зголемена количина на маснотии во крвта (холестерол, триглицериди)

✔️ Пушење и изложеност на чад од цигари

✔️ Стрес

✔️ Недоволна физичка активност

✔️ Дебелина

Мој совет е откажување од цигарите и практикување умерена физичка активност (најмалку 150 минути неделно) или интензивна физичка активност (најмалку 75 минути неделно). 🏃

Кои се првите сигнали за проблем со срцето?

Клиничката слика за срцеви болести се развива бавно. Првите сигнали за проблеми со срцето се појава на замор кај физички поинтензивен напор, што порано не се појавувал при истата активност, отежнато дишење при помала или поголема физичка активност, градна болка при напор или мирување, итн.

Ова се само сигнали дека треба да се направи крвна слика, ЕКГ, а по потреба ултразвучен ехо преглед на срце (ехокардиографија), коронарен стрес тест и коронарографија за да се утврди дали има проблеми со кардиоваскуларниот систем. 🤒

Спортско срце – придобивка или ризик фактор?

zdravo-srce

Спортско срце е здрава состојба кога доаѓа до здебелување на срцевиот мускул (до 15 милиметри). Паралелно со тоа, се случува проширување на срцевата шуплина за да може да се прима повеќе крв и да се испумпа таа крв. 🩸 Овде нема никакво нарушување.

Телото и мускулите на луѓето коишто практикуваат физичка активност бараат и трошат повеќе енергија. За да се издржи физичката активност, на спортистите им треба поголемо снабдување со крв. Организмот има механизми со коишто одговара на физичкиот напор за да им овозможи на мускулите доволно крв и хранливи материи за да се ослободи таа енергија.

Спортистите што се редовно физички активни треба често да прават крвни слики, ЕКГ и ехокардиографија за евентуални промени на самиот срцев мускул.

Наглото губење на спортските перформанси или појава на горенаведените симптоми, треба да бидат аларм за да се направат овие испитувања. 🧑‍⚕️

Дали суплементите може да го подобрат срцевото здравје?

Консумирање суплементи е полесниот начин отколку да внимаваме каква исхрана внесуваме и дали сме физички активни. 😥

Многу научни студии покажуваат дека додатоците во исхраната немаат некаков особен ефект врз срцевото здравје. ❤️ Нема научен доказ дека некои суплементи можат да штитат од кардиоваскуларни заболувања. Исклучок се омега-3 масните киселини што имаат позитивен ефект врз срцето. 

suplementi

Како дебелината влијае врз здравјето на срцето?

Дебелината е сериозен проблем за кардиоваскуларното здравје.

Половина килограм сало стимулира создавање на околу 9 до 10 километри крвни садови. Ова е дополнително оптоварување за срцето само за да ја избутка крвта низ сите крвни садови. Оптоварувањето на срцето е многу поголемо за луѓето со прекумерна тежина.

При прекумерна тежина, Александар препорачува воведување здрава исхрана и умерена физичка активност како пешачење се до нормализирањето на тежината. 👣

Погледни ја целата епизода на Wellcast with Josif: ⬇️

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore