5 најчести грешки што ги правиш во теретана и како да ги избегнеш

мартин-видоевски

🤔 Кои се најчести заблуди што ги имаат почетниците во теретана? 

❌ Кои се најчестите грешки што почетник ги прави во теретана? Како да се избегнат? 

🥕 Колку правилната исхрана прави разлика во резултатите што ќе ги постигнат вежбачите?

Без разлика дали само што започна со вежбање во теретана или веќе долго време си присутен низ фитнес студијата, сигурно некогаш ти паднале на памет прашањата погоре.

мартин-видоевски

Мартин Видоевски, еден од најбараните фитнес тренери во земјава кој веќе 10 години им помага на вежбачите да си го оформат телото од соништата, ти ги дава одговорите на сите овие прашања. 👇

Најчеста заблуда на почетниците во теретана е тоа што сметаат дека вежбањето фитнес ќе го направи целото нивно тело мускулесто, слично како телото на бодибилдерите, а тоа е далеку од целта што сакаат да ја постигнат. 🤦

Топ 5 грешки што почетник ги прави во теретана и како да се избегнат

 

Грешка #1 Гледање YouTube видеа со вежби и копирање на истите

Грешка #2 Неправилна изведба на вежбите што може да доведе до сериозни повреди на телото

Грешка #3 Преголемо оптоварување со несоодветна тежина

Грешка #4 Недоволен или премногу долг одмор помеѓу тренинзи

Грешка #5 Погрешен избор на програма за исхрана и вежби

мартин-видоевски

Како да ги избегнеш најчестите грешки во теретана?

Сите овие грешки можат да се избегнат на 2 начини: 

➡️  Ако замолиш искусен вежбач да ти покаже како правилно се прават вежбите.

➡️ Ако почнеш да вежбаш со личен тренер што ќе ти креира соодветна програма за вежбање и исхрана што ќе одговараат на твојата фитнес цел.

Вежбањето со личен тренер многу помага за побргу постигнување на посакуваните фитнес резултати кај почетниците. Ова се должи пред се на правилната изведба на вежбите и секако во изборот на вистинската програма што ќе го однесе клиентот поблиску до целта.

За вежбачите што допрва почнуваат да вежбаат во теретана, Мартин со совет:

💡Започнете со подготовка на телото за изведба на основни вежби пред да одберете сплит програм или push pull програми или било која друга напредна програма.

мартин-видоевски

🥑 Правилната исхрана е 70% од резултатите, а тренингот е 30%. Сепак, важна е и целта што те мотивира да вежбаш – дали го правиш тоа за здравје и мобилност или за обликување на мускули.

Ако имаш дополнителни прашања за Мартин или сакаш да вежбаш со него, еве како да го најдеш: 

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Martin Vidoevski

📸 Пиши му на Инстаграм: @martinvidoevski

✉️ Прати му порака на мејл: martinvidoevski@yahoo.com

мартин-видоевски

 

Послушај ги советите на Мартин и преку ФитКит апликацијата, пронајди го фитнес центарот што најмногу ти одговара. А со правилно водство и режим на исхрана од професионален фитнес тренер, ти гарантираме дека вежбањето во теретана ќе ти биде омилената активност во денот. 💪

 

FitKit logoФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.