Зошто слабото физичко и ментално здравје на вработените значи и помал профит за компанијата?

физичко-и-ментално-здравје

Дали знаеш дека во просек, една компанија губи годишно околу 2441 еврo поради здравствени и ментални предизвици на вработените? 👀

Оваа бројка е само уште еден показател за важноста компаниите да вложуваат во своите вработени за да им ја зголемат нивната продуктивност, но и профитот на компанијата.

Но, која е реалноста?

Денес, корпорациите често стават поголем акцент на имплементирање на најнова технологија и опремување на работниот простор, отколку на благосостојбата на нивниот најважен ресурс – вработените.

Но, колку што повеќе овие компании ја занемаруваат грижата за својот тим, така и стануваат сведоци на голем број директни и индиректни загуби на фирмата во форма на човечки капитал и пари. ❌

Еве ги и причините:

⚠️ Намалена продуктивност кај вработените

 

Нормално, човек кога има здравствени или ментални проблеми, не е до таа мера продуктивен како што е кога е потполно здрав. 

Како резултат на тоа, вработениот го намалува придонесот што го вложува во задачите, или евентуално зема слободни денови или боледување за да може да се опорави.

физичко-и-ментално-здравје

⚠️ Поголем ризик дека ќе го напуштат работното место

Ако еден вработен не се чувствува целосно поддржан од компанијата каде што работи, голема е веројатноста дека за време на пауза ќе си разгледува огласи за вработување.

Компаниите што знаат колку трошоците за нови вработени и нивно воведување во компанијата се навистина високи, прават сѐ што можат да си ја задржат лојалноста на своите сегашни вработени.

физичко-и-ментално-здравје

⚠️ Негативен импакт врз компаниската култура

Јасно како ден е дека несреќните вработени се оние што придонесуваат за креирање на токсична работна средина.

Тие се постојано под стрес, не се чувствуваат добро физички или психички, можеби се и прегорени од многу работни обврски. Па сите овие негативни емоции свесно или не, ги пренесуваат врз своите колеги. 

Самата токсичност што се шири помеѓу тимот прави тие да се фокусираат на проблемите, а не на изнаоѓање решенија за истите.

физичко-и-ментално-здравје

Aко сакаш да дознаеш повеќе како можеш да вложиш во физичкото и ментално здравје на твојот тим, закажи си средба со тимот на ФитКит на ОВОЈ ЛИНК. ⬅️

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore