Зошто постојано си ветуваме дека ќе почнеме да вежбаме после празник и како да спречиме празнично прејадување?

vezbanje-posle-praznici
vezbanje-posle-praznici

„Само нека помине Велигден и веднаш се ставам на диета!”

„Овој месец немав време да вежбам, ама после Велигден пак ќе почнам со диета. Летото се приближува.”

„Од понеделник почнувам да вежбам. Чекам само празникот да помине.”

Колку често се залажувате со овие изговори? Колку често ја префрлате одговорноста на празниците за прејадување со нездрава храна и недостиг на физичка активност? 🤔

Колку пати до сега сте ја имале самодисциплината да почнете од понеделник со режим на исхрана или вежбање?

Ако ти е тешко да останеш доследен/а на своите ветувања, овој текст е за тебе. ⬇️

vezbanje-posle-praznici

Богатата трпеза и празниците одат рака под рака. И сето тоа е супер сe додека не се претера со внесување на калории под изговорот дека „празници се, нормално е дека ќе јадеш 3 порции благо во ден.”  🍪

Но, дали некогаш сте размислувале каков шок му се предизвикува на телото откако по обилна храна, се ставаш на ригорозна диета? 

Што се случува со нашето тело кога ќе се прејадеме?

Прејадувањето предизвикува лошо варење, бидејќи стомачната киселина зоврива во хранопроводникот. Желудникот е отпорен на киселина, но хранопроводникот не е. 

Дополнително, во овие моменти телото вложува поголема енергија во процесот на варење, што те прави многу поуморен/а и исцрпен/а. 🤦

Периодот по празниците е вистинско време за детоксификација на телото. Барем така се тешиме. 

vezbanje-posle-praznici

За жал, голем дел од нас, секоја година го повторуваат овој циклус: 

  1. Јадам обилно за празници
  2. Се ставам на драстична диета
  3. Ги губам килограмите/си ја враќам формата
  4. Се чувствувам одлично
  5. Празници се – греота е да не се проба сè од трпезата

Прашањето е – што можеш да направиш за овој деструктивен циклус на јадење и диета да биде дел од минатото?

6 нешта што можеш да ги направиш уште денес за да не се прејадуваш за време на празници

✅ Секогаш кога ќе добиеш желба за храна, напиј се две чаши вода. Само на овој начин ќе дознаеш дали твоето тело е дехидрирано или навистина е гладно.

✅ Внеси свеж зеленчук во секој оброк. Влакната од зеленчукот ќе те држат сит/а и нема да имаш желба да се прејадуваш со продукти без никаква хранлива вредност.

✅ Избегнувај ја следнава листа на оброци која што има празни калории и многу ниска нутриционистичка вредност – колачиња, торти, бели печива, житарки за појадок, газирани сокови.

✅ За да ја зачуваш енергијата на високо ниво, а желбата за храна на ниско, како ужинка секогаш имај со себе сушено овошје, сирење, суров зеленчук, јаткасти плодови, тврдо варени јајца, крекери од цели зрна или хумус.

✅ Долгото седење пред компјутер или гледање Нетфликс оди рака под рака со грицки. Внимавај за која опција на грицки ќе се одлучиш.

✅ Фитнес студијата се затворени за време на празниците, но тоа не треба да те спречува да си пуштиш онлајн тренинзи.

vezbanje-posle-praznici

Не чекај да дојде следниот празник за да го почнеш циклусот на прејадување и слабеење од ново. 🙏🏻

Најдоброто време да почнеш со здрави навики е ДЕНЕС! Тимот на ФитКит е овде да ти помогне со тоа! 💪

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.