Како да препознаеме дека сме се опседнале со изгледот? 🤔
Зошто очекувања од типот на “сакам да изгледам како овaa личност” се штетни и нереални? ❌
Дали социјалните мрежи имаат исклучиво негативно влијание на сликата што ја имаме за себе? 📱
Софија Манчева, психолог и фитнес тренер којашто ги спојува менталното здравје и фитнесот за да постигне целосна трансформација со нејзините програми, ги дава одговорите на овие дилеми во Wellcast with Josif. ⬇️
Колку социјалните медиуми влијаат врз нашиот изглед?
Социјалните мрежи имаат голем импакт врз тоа како луѓето се доживуваат себеси, но не го имаат и пресудниот збор.
Како една личност ќе се формира, каква слика и идентитет ќе изгради за себе, како ќе се чувствува во своја кожа и ќе се гледа себеси во огледало зависи од многу фактори, како што е семејството, околината, средината во која што сме растени, коментарите што сме ги добивале, но и социјалните мрежи. Кога една девојка или дечко доаѓа во период на адолесценција и се осознава самиот/та себе, социјалните медиуми ни даваат слика и параметри за тоа како треба да изгледаме, како треба да се облекуваме, каква да ни е косата – според мене, овој дел прави најголем проблем. 😟
Софија не го оправдува трендот body postivity за прифаќање и оправдување на нездравиот изглед.
Таа вели дека колку сме посвесни како личности, толку повеќе ќе правиме промени кај себе, а колку сме понесвесни, толку повеќе ќе си го оправдуваме вишокот килограми. 💯
Слободната и достапноста на социјалните мрежи ни е истовремено најголем непријател и најголем пријател. Трендот body postivity не го оправдувам како движење бидејќи јас како свесна личност треба да знам кога правам нешто што не е добро за мене, без разлика дали имам прекумерна тежина или сум преслаба. Не сакам да ги судам луѓето, бидејќи секој може да изгледа како што сака, но тука станува збор за тоа што правиме ние за себе. Треба да сфатиме дека ние живееме во нашето тело и тоа е нашиот личен дом, а тоа би значело дека би требало да се грижиме за него. 💪
Очекувања од типот на “сакам да изгледам како овaa личност” се навистина штетни и нереални. ❌
Ние можеме да се огледуваме на некојa личност за инспирација и мотивација за она што таа/тој го прави и за резултатите што ги постигнува. Но, да се врземе за физичкиот изглед на таа личност е многу нереално. Самите на себе треба да си бидете репер за тоа која е најдобрата верзија од вас, а не слепо да се огледувате на некој друг.
Што е дисморфија?
Дисморфијата е преголема опседнатост со телото, својот лик во огледалото и споредување со другите. 🪞
Телесната дисморфија е состојба што најчесто се јавува во периодот на адолесценцијата, бидејќи тогаш не сме сигурни во себе. Тоа е состојба кога имаме компулсивна опседнатост со својот изглед. Сметаме дека нешто не чини и нешто не е во ред со нашето тело, особено со поединечни делови од телото. Понекогаш овие личности се опседнати со естетски корекции. Тоа е круг од кој е тешко да се излезе. 😟
Кога изгледот може да допринесе за наметнување ограничувања во животот?
Првите знаци на луѓето што не се чувствуваат добро во своја кожа и се повлекуваат од секојдневието како резултат на тоа, имаат многу слични симптоми како што ги има еден депресивен човек – повлекување од јавноста, промена на расположение, негативни мисли, емоционално јадење, одбегнување на контакти и јавни настани, промена на стилот на облекување, итн. Ова се првите знаци што треба да ни покажат дека треба нешто да промениме кај себе, а не само физички се обидуваме да го прикриеме тоа што ни се случува со телото. Луѓето треба да се охрабрат да разговараат со некој близок или стручно лице за тоа како се чувствуваат без да се плашат дека нема да бидат вистински разбрани. 🙏
Погледни ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.