6 начини како да им помогнете на Вашите работени да си ја зголемат својата продуктивност

Еден вработен може да биде продуктивен само ако се наоѓа во добра физичка и ментална состојба. 💯

И тоа е императив за современите компании. Тие се сосема свесни дека зголемената продуктивност значи и поголем профит за компаниите. 

Прашањето е: На кои начини една компанија може да им помогне на своите вработени да си ја зголемат својата продуктивност? ⬇️

✅ Начин #1: Можност за разговор со психолог

Предизвиците со менталното здравје помеѓу вработените повеќе не се табу тема како порано. Денес, најотворено се зборува за менталните проблеми и не се размислува двапати пред да се побара стручна помош. 

Компаниите што ги охрабруваат овие иницијативи им покажуваат на своите вработени дека не ги гледаат само како заменлив ресурс, туку како важен дел од успехот на самата организација. 

✅ Начин #2: Масажа и спа третмани

По 8-часовното седење пред компјутер, нема ништо порелаксирачко од масажа и спа третман, нели? 💆🏻‍♀️

На овој начин не само што целосно се рестартира телото, туку и се зголемува енергијата, а со тоа и еланот за работа.

spa

✅ Начин #3: Бројни опции за намалување на болки во телото

Долгото седење пред компјутер, порано или подоцна, си го зема својот данок врз телото на вработениот. 

Болка во грбот, вратот, рацете и рамената, синдром на суво око и карпален тунел на предниот дел на рачниот зглоб се само дел од последиците што можат навремено да се спречат ако интензивно се охрабрува култура на физичка активност во компанијата.

✅ Начин #4: Плеада на начини за исфрлање на стресот

Стресот е неизбежен дел од секој работен ден и непријател број 1 на продуктивноста и фокусираното работење. А вежбањето е еден од најефективните начини за намалување на нивото на кортизол. За некој тоа е вежбањето во теретана, за друг е аеробик, боречки вештини или функционални тренинзи.

Сите вработени имаат различни преференции за омилена физичка активност. Затоа избираат компании што можат да им понудат широк дијапазон на опции за вежбање.

✅ Начин #5: Онлајн тренинзи за вежбање од дома

Можноста да се вежба од дома е одличен начин како да правиш пауза помеѓу состаноци или пак, добро да се размрдаш по работниот ден без да имаш потреба да го напуштиш својот дом.

online-workout

✅ Начин #6: Поттикнување на здрава исхрана

Сите знаеме колку здравата и разновидна исхрана има огромна улога во функционирањето на мозокот, а со тоа и продуктивноста на вработените. 

Компаниите што редовно вклучуваат иницијативи за консумирање здрава исхрана, ги обезбедуваат своите тимови со горивото што им е потребно за да перформираат во своето најдобро светло.

Воведувањето на комплетна велнес апликација како ФитКит што ги содржи сите горенаведени начини е брз, лесен и ефективен начин како да вложите во продуктивноста на вашите вработени. 

На тој начин го поттикнувате тимот на презеде контрола врз своето здравје и перформанси, што на крајот води до пофокусирани, попродуктивни и поангажирани вработени спреми да дадат сѐ од себе за успехот на компанијата. 🚀

Сакаш да дознаеш повеќе како да креираш велнес култура во рамки на компанијата каде што работиш?

Закажи си средба со тимот на ФитКит на ОВОЈ ЛИНК. ⬅️

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore