Ако вежбаш редовно или постојано сакаш да експериментираш со дисциплини, користењето на месечни фитнес пакети е дефинитивно исплатлива опција за тебе.
Но, како да знаеш која претплата најмногу ти се вклопува во начинот на вежбање и стилот на живот? 🤔
Зошто да избереш M претплата за користење на ФитКит апликацијата?
✅ Ако сакаш да експериментираш со најразлични дисциплини, со овој пакет, имаш на располагање неограничен број на посети на повеќе од 300 активности за вежбање како: Фитнес, Јога, Зумба, Пилатес, Аеробик, Кросфит, Кикбокс, Базен, Спа, Масажи и многу, многу други.
✅ Букирање по 1 термин дневно.
✅ Можеш неограничено да користиш услуги во вредност до 4 кредити со максимална дневна сума до 4 кредити или во превод неограничен пристап до Фитнес Парк, Палестра, Лимак, пливање и сè што значи вежбање.
✅ Ако преферираш да вежбаш од дома, ќе имаш пристап до онлајн тренинзи во живо достапни на апликацијата и пристап до FitKit Plus видео програми за вежбање со наши локални тренери и неверојатни пакети што ти ставаат тренер и вежбална во твојот џеб.
✅ Добиваш паричен ваучер до 6.000 денари што можеш да го искористиш за шопинг на спортска опрема кај ФитКит партнерите.
✅ Ако платиш за цела година, добиваш 2 месеца гратис.
Зошто да избереш L претплата за користење на ФитКит апликацијата?
Ако си веќе искусен вежбач и си спремен/a дополнително да се предизвикаш, нашиот ФитКит пакет L е дефинитивно за тебе.
Еве зошто:
✅ Добиваш неограничени посети на СИТЕ активности за вежбање и спа третмани достапни во апликацијата. Можеш да букираш колку сакаш термини за Фитнес, Јога, Зумба, Пилатес, Аеробик, Кросфит, Кикбокс, Базен, Спа, Масажи и друго.
✅ Букирање по 2 термини дневно.
✅ Можеш неограничено да користиш услуги во вредност до 15 кредити со максимална дневна сума до 15 кредити.
✅ Ако вежбаш од дома, добрата вест е дека ќе добиеш неограничен пристап до онлајн тренинзи во живо и пристап до FitKit Plus видео програми за вежбање што ти се достапни било кога и било каде да ти се појави желбата за вежбање.
✅ Со оваа претплата, освен неограничен пристап до активности за вежбање и релаксација, добиваш и паричен ваучер до 21.000 денари што можеш да го искористиш да си купиш спортска опрема кај некој од ФитКит партнерите.
500 денари попуст за М или L претплата со VISA Gold или VISA Premium картичките
Од неодамна, соработуваме со платежниот гигант VISA за промоција на активниот начин на живот и заштеда со секоја купена претплата.
➡️ Почнувајќи од Април 2023 година, па заклучно до крајот на Септември 2023 година, ако купиш претплата М или L со картичките VISA Gold или VISA Premium, ќе добиеш 500 денари попуст на претплатата.
Ете, повеќе немаш изговори да ја отвориш апликацијата и да ја избереш активноста што најмногу ти се вклопува во распоред и начин на живот.
Те очекуваме! 🏋️
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.