Дали и на кој начин вложуваш во твоето ментално здравје? 🧠
Дали грижата за твоето ментално здравје ти е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје? 🤔
Дали знаеш на кои начини ФитКит апликацијата може да ти помогне да го подобриш менталното здравје уште денес? 💯
Начин #1: Друштвени активности
Ковид-19 ни покажа колку е важна социјализацијата за нашето ментално здравје.
Но, дали постојано ја правиш истата активност со твоите пријатели одново и одново? 😉 Ако одговорот е ДА, дали си расположен/а за експериментирање со нови активности?
ФитКит од неодамна воведе нова категорија во рамки на апликацијата за Друштвени активности.
Овде ќе најдеш дузина интересни друштвени активности за тебе и твоите пријатели што ќе ве извадат од зоната на комфор и ќе ти пружат едно поинакво искуство што веруваме ќе ви се допадне. 💯
Начин #2: Разговор со психолог
Ако некогаш си посетил/а психолог, сигурно ти е јасно колку само еден разговор со стручно лице знае целосно да те препороди, исто како и после добар тренинг. 🙌
Иако мај е месецот посветен на подигање на свеста за менталното здравје и речиси сите активности на оваа тема се случуваат месецов, ние решивме уште пред некој период да го направиме советувањето со психолог лесно и пристапно за секој од нашите корисници.
Во соработка со мобилната апликација Разговор.мк, ФитКит воведе нова опција – закажување сесија со лиценциран психолог по твој избор. 📞
Можеш да бираш од 50+ лиценцирани психолози, стручни на најразлични теми (зависи што ти е маката). Закажи си сесија онлајн или во живо, како и да ти одговара.
Ако уште се двоумиш, овде можеш да прочиташ за 11 начини како разговорот со психолог ќе ти го подобри менталното здравје (покрај вежбањето). ⬅️
Ги охрабруваме нашите корисници, покрај вежбањето, да му дадат шанса и на разговорот со лиценциран психолог за да постигнат благосостојба на телото и умот. 😇
Начин #3: Вежбање
Сите знаеме колку вежбањето има неверојатни придобивки, не само за нашето физичкото здравје, туку и за сите други области на здравјето како менталната, емоционалната, интелектуалната и социјалната благосостојба. 🙌
Сите ние имаме денови кога не сме расположени и не ни се вежба. Но, токму во тие моменти треба да имаме на ум дека вежбањето ги зголемува нивоата на допамин, серотонин и ендорфин во мозокот, хормони одговорни за подобрување на расположението и енергијата. 📈
Дополнително, вежбањето ја зголемува социјалната активност и го намалува чувството на осаменост и изолација. Нашиот избор на друштвени активности ќе ти помогне во тоа.
Ете, ова нека ти биде уште една причина плус да ја отвориш ФитКит апликацијата уште денес и да ја најдеш соодветната активност за тебе.
Менталното здравје е предуслов и основа за квалитетен живот. Затоа, те охрабруваме да ги пробаш овие 3 начини за подобрување на менталното здравје и да ни пишеш во која од нив најмногу ќе се пронајдеш. 🔍
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.