Топ 4 алатки што треба да ги има еден личен тренер во 2023 година

my-fit-kit

По 2 месеци изминати од новата 2023 година, сигурно имаш некоја замисла во која насока сакаш да се движи твојот фитнес бизнис. 🤔

Дали сакаш да ја зголемиш базата на клиенти? Да го подобриш квалитетот на твоите тренинзи? Да организираш онлајн курс на одредена тема?

За да ги постигнеш своите цели како личен тренер, потребни ти се алатки и ресурси што ќе те одведат таму. 🚀

Го креиравме овој блог за да ти покажеме дека сите алатки што ти се потребни за да успееш како личен тренер во 2023 година, се на само неколку кликови од тебе.

✍️ Алатка #1: Сопствен фитнес блог

Ако порано фитнес тренерите сакале да ги соопштат своите идеи пред јавноста, требало да се појават на телевизија или радио или да напишат статија во весник. 

Денес, за среќа, со интернетот и социјалните медиуми работите се далеку многу поедноставни. 😊

Но, прашањето е: Колку промовирањето исклучиво на социјалните медиуми ти е доволно за да ја покажеш својата експертиза како фитнес тренер и да привлечеш нови клиенти?

Делумно. 😐

За да си ја зајакнеш репутацијата како експерт во фитнес индустријата, дефинитивно ти треба веб-страница каде што на уникатен и креативен начин ќе го пренесеш своето знаење. 

Она што ти е потребно е личен фитнес блог! 💡

👣 Еве кои чекори треба да ги преземеш за да креираш сопствен фитнес блог: 

Чекор #1: Избери теми на коишто ќе пишуваш 

✅ Совети за исхрана и рецепти;

✅ Совети за подобри резултати од тренинг;

✅ Најдобри практики за вежбање од дома;

✅ Најчестите прашања што вежбачите ти ги поставуваат секојдневно, итн.

Чекор #2: Избери веб платформа

✅  WordPress

✅  Squarespace

✅  Wix

✅  Medium

Чекор #3: Развиј добра основа и стратегија

✅ Одреди која е целта што сакаш да ја постигнеш со блогот (на кој начин сакаш да им помогнеш на читателите?);

✅ Избери ја таргет публиката според твојата експертиза;

✅ Избери кул име за блог;

✅ Одлучи дали сам ќе си ги пишуваш текстовите или ќе ангажираш искусен фриленсер;

✅ Објавувај барем по 2 текста неделно максимум до 700 зборови од текст (читателите имаат краток праг на внимание);

✅ Вклучи ги вежбачите и спонзорите да придонесат со по некој цитат за твоите текстови.

my-fit-kit

Алатка #2: Подобра стратегија за социјалните медиуми

На кој начин го промовираш твојот бренд и себеси како фитнес тренер на социјалните мрежи? 

Колку стратегијата ти се покажала како успешна досега? Или не баш? 

Секогаш имаш простор за подобрување. 💪

Еве неколку идеи како да ги привлечеш вежбачите и да стекнеш многу лојални фанови што со нетрпение ќе ја очекуваат секоја твоја нова објава:

✅ Охрабри ги вежбачите да ти испраќаат фотографии и видеа од тренинзи за да покажеш дека уживаат во твојата програма. Тоа позитивно ќе влијае и врз одлуката на идните вежбачи што сè уште се двоумат кој/а да изберат како тренер.

✅ Доколку твојот буџет го дозволува тоа, ангажирај неколку локални фитнес инфлуенсери кои ќе ја шират пораката за тоа колку е одлично да се вежба со тебе. 😎 Ако немаш буџет, понуди им бесплатно да вежбаат со тебе како компензација.

✅ Креирај колку што можеш повеќе видеа во живо за тоа како се организираш за тренинг, составуваш вежби, или ја избираш облеката за тренингот. Покажи ја акцијата што се случува за време на тренинг, сподели корисни совети за здравје и фитнес, подготви Q&A сесија на одредена тема или твоите омилени рецепти на дело. 

✅ Инвестирај во реклами на омилените социјални мрежи на твоите вежбачи за да бидеш сигурен/а дека твоите објави ќе допрат до таргет публиката. 💰

my-fit-kit

Алатка #3: Апликација како MyFitKit за поефективна подготовка на тренинзи и менаџирање со клиенти

Во 2023 година, да им го пружиш најдоброто можно искуство на твоите клиенти значи многу повеќе од спремање тренинзи и план за исхрана. 🤔

Ја креиравме MyFitKit апликацијата за да ти помогнеме да ги автоматизираш традиционалните методи што си ги користел/а досега. 

Еве што точно MyFitKit може да направи за тебе и твоите клиенти:

✅ Креирање планови за вежбање за помалку од 60 секунди и богата колекција од над 2000 вежби од коишто можеш да избираш или да додадеш свои вежби, по избор.

✅ Подготовка на планови за исхрана со над 4000 намирници на располагање или додавање свои намирници, по желба.

✅ Детално следење на прогресот на твоите клиенти преку 18 метрики и можност за додавање свои персонализирани метрики што сакаш да ги следиш.

✅ Организирање интерактивни онлајн курсеви што лесно можеш да ги споделиш со клиентите и да ги поврзиш со твојата онлајн продавница.

✅ Едноставен CRM систем за менаџирање на поединечни клиенти и групи на клиенти со слични фитнес цели.

✅ Апликација за разговор за да разговараш со твоите клиенти, групи на вежбачи или колеги во реално време. 

✅ Можност твоите колеги тренери да имаат пристап до платформата.

my-fit-kit

Алатка #4: Интерактивни онлајн курсеви

Еднонасочната комуникација е досадна за вежбачите. 🥱

Тие преферираат интерактивни онлајн часови каде што постојано ќе можат да комуницираат со фитнес инструкторот, да споделуваат фајлови, фидбек, итн.

MyFitKit апликацијата ти овозможува да сетираш модерни интерактивни курсеви што нема да останат незабележани од твоите вежбачи. ✨

Можеш да избереш од 14-те видови на содржина и да ја наредиш по редоследот што ти одговара (на пример: план за вежбање, метрики за прогрес, видео, слика, новости, инструкции и слично). 

А, ако немаш идеја за курс, имаш опција да искористиш веќе готов темплејт и да си го прилагодиш според потребите на курсот. 💯

Освен содржината што е во нашата колекција, секогаш имаш опција да користиш и твоја содржина во вид на слики, видеа, вежби, прехранбени производи, линкови до твојата онлајн продавница, линкови за состанок на Zoom/Microsoft Teams итн. 

2023 година е тест за твојата креативност и агилност како фитнес инстуктор. 💪

Згрaпчи ја можноста да ги модернизираш твоите фитнес тренинзи преку MyFitKit апликацијата и ти гарантираме дека бројот на твоите лојални вежбачи ќе биде двојно поголем до крајот на годината. 📈

my-fit-kit

 

my-fit-kit

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.