FitKit за компании
ФитКит како компаниски бенефит што ја поттикнува продуктивноста на вашите вработени
Како да започнете со користење на ФитКит како бенефит за вработените?
Закажуваме средба со вашата компанија за да го утврдиме пакетот што ќе даде најголема вредност за вработените.
Еднаш месечно, добивате 1 фактура од наша страна каде што ги плаќате само кредитите што биле искористени од вработените (pay-per-use модел).
Склучуваме договор за соработка.
Добивате бесплатна помош за employee brаnding преку објава на текстови на веб страницата на FitKit за најактивните вежбачи во вашата компанија (FitKit херои).
Кои пакети ги нуди FitKit за компаниите?
ФИКСЕН
пакет / претплата
Секој корисник има фиксен број на кредити (минимум 16).
Искористеноста на кредитите на крајот на месецот не влијае на договорот.
ФЛЕКСИ
пакет / претплата
На крајот на месецот, се наплаќа само бројот на искористените кредити од секој вработен.
ФИТ
пакет / претплата
Неограничен број на посети за сите видови на активности во сите достапни термини. Исклучок е категоријата СПА.
ПРЕМИУМ
пакет / претплата
Неограничен број на посети за сите видови на активности во сите достапни термини.
Вклучително и категоријата СПА.
ПЕРСОНАЛИЗИРАНА ПОНУДА
Персонализирани пакети според потребите на секој вработен.
Број на кредити со важност од цела година и плаќање само на искористените кредити.
Доколку вработениот искористи 50% од кредитите, тие се префрлаат од еден во друг пакет за да се намалат трошоците за компанијата.
Триглав приватно здравствено осигурување со FitKit Актив пакет.
Можност за субвенциониран пакет – половина плаќа компанијата, половина вработениот.
Работилници за унапредување на здравјето на вработените
Како додадена вредност за нашата идна соработка, нудиме и организирање на работилници за вашите вработените на најразлични теми што имаат за цел да го подобрат физичкото и психичко здравје на вработените и да ја зголемат нивната продуктивност.
Ефикасност на работно место, организација на исхрана и оброци, одржување на благосостојба, подобрување на метаболизмот, имуниот систем и зголемување на енергијата се само дел од темите на кои што можеме да ги едуцираме вашите вработени.