Дали вежбањето може да победи лоша исхрана?

Marija-Radeska

Дали вежбаш редовно, но не внимаваш баш на исхраната? 🤔

Дали се надеваш дека интензивните тренинзи ќе ги избришат сите слатки задоволства што си ги пружи неделава? 🍭 

Дали консумирање мали оброци во денот е патот до губење калории? 🍲

Марија Радеска, една од најинспиративните фитнес тренери во земјава, ги дава одговорите на сите овие прашања.

Веќе 8 години, Марија им помага на клиентите да си ги променат своите навики преку вежбање и исхрана, бидејќи навиките го сочинуваат нашето секојдневие. 🙌

marija-radeska

Кои се најчестите заблуди за вежбање и исхрана?

Заблуда #1: Ригорозни диети и/или гладување

Голем број на луѓе мислат дека еден мал оброк во текот на денот ќе им помогне да ослабат. Делумно е така затоа што физички, тој процес ќе се случи, но само привремено. За возврат ќе добијат многу непосакувани здравствени проблеми како нарушување на крвна и хормонална слика, пад на имунитет, пад на енергија, неухранетост и уште многу други непосакувани дејства. Секоја диета има свој крај. Најчесто луѓето не знаат како да продолжат по диетата, па се враќаат на стариот начин на исхрана, а со самото тоа се враќаат и изгубените килограми.

Заблуда #2: Вежбањето во теретана те прави мускулест/а

Најчеста заблуда околу вежбањето е тоа што многу од жените мислат дека вежбањето во теретана на справи и со тегови предизвикува голем раст на мускулатурата. Што е апсолутна невистина, бидејќи за голем раст на мускулатурата треба многу труд, а од друга страна, мускули не се оформуваат толку брзо, односно неприметно па да нема назад.

marija-radeska

Дали вежбањето може да победи лоша исхрана?

Еден интензивен тренинг не може да ти го избрише калоричниот оброк. 😔

Еве зошто: ⬇️

Не постои идеален тренинг што може да ја победи лошата исхрана. Бидејќи со еден интензивен тренинг максимум можеме да потрошиме 500 до 600 калории, а еден калоричен оброк може да има и повеќе од 1.500 калории, калории што тешко се процесираат. На телото му е потребно правилен тип на гориво за време на тренингот. Тоа значи: сложени јаглехидрати, здрави масти и протеини. 💡

Што е поважно за оформување на телото: Вежбање или внимавање на исхраната?

marija-radeska

Сите ние сме свесни дека на нашето тело му е потребно гориво за да опстои. Но, многу е важен изворот на тоа гориво, односно изворот на исхраната која ја внесуваме во текот на денот за да му овозможиме на телото да функционира беспрекорно. ✨

Колку што е важен тренингот, толку е важна и исхраната. Дури би рекла дека исхраната е поважна, но сепак едно без друго не оди. Здрава и избалансирана исхрана првенствено ни е потребна за да бидеме здрави, витални, енергични и секако, убаво да изгледаме. Од друга страна, нашето тело е создадено да биде подвижно, односно физички активно. Доколку редовно вежбаме, храната што ја внесуваме ќе биде максимално искористена. 💯

Како да се постигне баланс помеѓу вежбањето и исхраната?

За сите оние кои одат во крајности – вежбаат интензивно, а не се хранат здраво и обратно, внимаваат на исхраната, но ја занемаруваат физичката активност, еве што им препорачува Марија:

Со сè во животот треба да имаме баланс, па така и со вежбањето и исхраната. Мој совет кон оние што вежбаат е да го слушаат своето тело! Кога имаат енергија да ја искористат за тренинг бидејќи таа е обновлива, кога имаат послаба енергија да вежбаат со помал интензитет, а кога немаат нека одмараат или тренингот нека го заменат со масажа. Доколку некогаш имаат потреба за пообилна или калорична храна, нека си ја дозволат, но тоа да биде навистина ретко, бидејќи константното лишување од храната што ја сакаме и ни причинува доза на задоволство и среќа, се смета за самоказнување. А самоказнувањето му штети на нашето ментално здравје. 🧠

marija-radeska

Ако те интересира зошто е потребна здрава храна и физичка активност, како тоа влијае на нашето физичко и ментално здравје или имаш дополнителни прашања за Марија, еве каде можеш да ја најдеш:

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Марија Радеска

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @radeskam

FitKit logoФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.