Која е тајната на здравото слабеење?

Ivana Karatukova

🥺 „Вежбам, држам диета, но никако да ослабам!” 

„Со години мака мачам со вишокот килограми, ништо не ми помага!”

🤦 „Тамам ќе стигнам до посакуваната тежина, многу бргу ми се враќаат килограмите!” 

Колку пати до сега си ги даваш овие изговори? Колку пати си ги слушнал/а и од твоите пријатели? 

Кое е решението? 🤔

Ивана Каратукова

Ивана Каратукова, една од најпознатите пилатес инструкторки во земјава и дел од тимот на PowerHouse Pilates ќе ти ја открие тајната на здравото слабеење што трае.

Во следниве неколку минути, Ивана ќе ти покаже зошто треба да заборавиш на ригорозните диети еднаш засекогаш и како да се насочиш кон здраво слабеење со помош на правилна и балансирана исхрана и вежбање. ⬇️

Што значи здраво слабеење?

Ивана Каратукова

Здраво слабеење е начин на живот, а не ригорозна диета, објаснува Ивана. 

Здраво слабеење значи да си го најдеш тренингот што ти одговара, да не се мачиш со тренинзи што се во мода или ин доколку гледаш или чувствуваш дека не се соодветни за тебе. Да имаш начин на исхрана во кој нема да гладуваш и нема да ти бидат забранети намирници туку ќе консумираш избалансирани, вкусни и разновидни оброци. Здраво слабеење е кога нема да се мериш на вага секоја недела, туку ќе си осетиш сам/а дека имаш промена со тоа што ќе се чувствуваш исполнето, здраво, полн/а со енергија и желба за живот. 💪

Кои се најголемите причини за неуспех на вежбачите кога сакаат да ослабат?

  Споредувањето со прогресот на другите е твојот најголем непријател.

Секогаш труди се да се натпреваруваш сам со себе, а не со другите. Не се мери со успесите и трансформацијата на другите вежбачи. Кога ќе сфатиш дека секој сам си ја испишува својата приказна, ќе успееш во намерата и зацртаната цел. 🏆

Ивана Каратукова

Кој е најдобриот начин за здраво слабеење?

Вежбањето е најдобар начин за здраво слабеење! 🏋️ Вежбањето треба да ти стане животен стил. Влог за здрав и долготраен живот значи да одвојуваш време посветено само за себе и да вежбаш 3 до 4 пати неделно.

Еве што Ивана ги советува луѓето што велат: Вежбам, држам диета, но никако да ослабам! ⬇️

Немој да се откажуваш од твојата цел! Обрати се кај професионалци кои си ја знаат својата работа и ќе ти посочат на грешките што ги правиш.

Ивана Каратукова

Ако сакаш да вежбаш со Ивана или имаш дополнителни прашања:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Ivana Karatukova

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ivanakaratukova

Послушај ги советите на Ивана и пронајди ја активноста во која најмногу уживаш со ФитКит апликацијата и ти гарантираме дека наскоро вишокот килограми ќе бидат далечно минато. 💪

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.