Речиси цела деценија, јога студиото Delfy Spirit им помага на своите јога практиканти да ги почувствуваат сите физички и ментални придобивки од јогата на своја кожа. 🧘
Катерина С. Анѓеловиќ, сертифициран инструктор по јога и медитација, 500 CYT, коуч и тренер по човечки ресурси, објаснува како дојде до идејата за формирање на оваа студио.
Идејата за отворање на сопствено студио дојде природно (со благослов на мојата учителка по јога) по 12 години практикување јога и 3 години како инструктор во друго јога студио, посетување на многу јога семинари и фестивали во земјава и во странство и изучување на различни видови и различни стилови на јога. Денес, студиото брои повеќе инструктори, секој со свој посебен стил и начин на предавање на оваа прекрасна дисциплина. 🙌
Во Delfy Spirit можеш да ги пробаш следните видови јога:
✅ Аштанга Винјаса Јога: Многу динамичен, речиси атлетски стил јога. Се вежбаат асани по фиксен ред. Со пракса на овој стил, практикантите може да очекуваат зголемување на силата, фокусот, флексибилноста и мускулната маса и надминување на телесните и енергетските граници на телото. Дополнително, се зголемува фокусот и се подобрува менталната состојба.
✅ Хата Јога: Погодна за почетници, се изведува со побавно темпо, со фокус на дишењето, контролирани движења и истегнување. Часот завршува со пранајама и водена медитација.
✅ Хата Винјаса Јога: Подинамичен стил на хата јога каде здивот се поврзува со движењето и се изведува со побрзо темпо. Практикантите речиси се во постојан тек на движење. Часот завршува со техники за дишење и водена медитација.
Покрај јога часовите, организираме и едночасовни водени медитации, 3-4 пати годишно јога ритрити, како и специјализирани курсеви, јога работилници и работилници за личен развој и индивидуални сесии по Клиринг методот (школа за психотерапија).
Ведрината, смислата за хумор, позитивниот и мотивирачки став на јога инструкторите, постојаното ажурирање и подготвување на часовите со нови и интересни содржини се дел од она што ќе го искусиш во Delfy Spirit.
Организирањето незаборавни јога собири е нешто по кое Delfy Spirit се навистина познати. ✨
Како тим, нудиме различни стилови на јога со различна динамика, од почетни до најнапредни групи. Особено обрнуваме внимание на правилното изведување на позите за најдобар ефект, но и на психичката компонента. Она што е најважно, негуваме одличен однос со практикантите, развиваме меѓусебна доверба, почит и пријателство што трае. Од нашите часови и јога ритрити, луѓето си одат среќни и со задоволена потреба од социјализација со луѓе кои делат слични ставови и начин на живот. Нашите јога ритрити се посебно доживување. Ги организираме 3-4 пати годишно. Тие што биле, велат дека сме единствени. 🤩
Работиме во мали групи за секој практикант да може да биде набљудуван од наша страна, да се следи неговиот напредок и да се поттикне и мотивира да го постигне сопствениот максимум, особено во изведувањето на асаните. Што се однесува до другите техники што во јогата се посуптилни и потешко видливи со голо око, се разговара, се објаснуваат детално техниките и грешките што може да се направат. Практикантите имаат право да нѐ бараат и надвор од часовите доколку имаат потреба за разговор.
Катерина вели дека по 3-6 месеци редовно практикување јога, веќе е видлива трансформацијата на личноста. 💯
Често се случува позитивната атмосфера, позитивните луѓе во самата група и односот на инструкторот да му помагне на практикантот да ја подигне свеста доколку се наоѓа во депресивна или друга несакана психичка состојба и тоа на завидно ниво. Делуваме мотивирачки и по период од 3-6 месеци веќе се гледаат промените кај личноста. Особено таквите луѓе ни се предизвик. Една исто така мотивирачка приказна е забременувањето на една наша практикантка по долгогодишни неуспешни инвитра. Бројни се случаите каде проблемите од типот на спондилози, ишијалгии, хернии и слично се значително намалени, како и деуги здравствени проблеми. Особено со медитациите ги решаваме и проблемите со несоници. Но најважно, се менуваме како личности и секако во позитивна насока.
Тимот на Delfy Spirit организира уште еден незаборавен јога собир што ќе се одржи од 22 до 24 септември во Лазарополе, охрабрувајќи ги да се пријават сите оние кои што сакаат да доживеат едно уникатно, поинакво јога искуство. 🚀
За мене јогата е пат на еволуција на личноста. Практикувањето на простирката ми донесе многу значајни достигнувања во секојдневниот живот, во односот со луѓето, со најблиските, во решавањето на проблемите и конфликтите, во перцепцијата на светот и животот, во подигањето на свеста воопшто, открив многу заспани таленти во себе од кои сега можам и да живеам. Многу луѓе кои ги знам и вежбаат јога во нашето студио, го променија својот начин на живот. За многу од нив јогата им донесе огромни бенефити и радост во нивниот живот. Тоа секојдневно ми го потврдуваат. И тоа е најголемото мое достигнување како инструктор по јога и медитација. 💪
Зошто треба да му дадеш шанса на јога студиото на Delfy Spirit?
Заради богатството на содржините што ги нудиме, заради нашето долгогодишно искуство и знаење и заради одличниот однос со секој практикант. Заради искреното пријателство кое имаат можност да го стекнат. И уште многу затоа.😊
Delfy Spirit е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на Delfy Spirit, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студиото што се наоѓа на:
👣 улицата „Дренак” број 6 во општината Кисела Вода во Скопје.
За да бидеш во тек со сите новости на Delfy Spirit:
📸 Следи ги на Инстаграм: @delfykate
👍 Пиши им на Фејсбук: Joga Studio Delfy Spirit
📧 Пиши им на мејл: delfyspirit@gmail.com
☎️ Јави се: 075 436 070
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.