ФитКит Херој на Неделата: Димитар Радевски

dimitar-radevski

За него вежбањето претставува едноставна, бесплатна и научно докажана активност што води до животна трансформација и подобра верзија од нас којашто ќе изобилува со енергија, самодоверба и сеопшта животна благосостојба. 🙌

Запознајте го Димитар Радевски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Јас лично се водам по пример на прашањата што ги поставува проф. д-р Петaр Атиjа: Која е твојата фитнес цел во моменталната декада на твојот живот, како и маргиналната декада од твојот живот, односно последната декада ипол од животот на една личност? Што би сакал ти да можеш физички да правиш кога ќе бидеш во своите 30ти, 40ти или 70ти години? Па така, јас лично во оваа моментална животна декада, би сакал да можам да сум доволно физички спремен и активен за да можам лесно да извршувам и воедно да не ме уморуваат секојдневни работи што бараат лесна до умерено тешка физичка активност. Тоа кажано, би сакал секако и да продолжам да бидам физички активен и во подоцнежните децении од својот живот, се со цел во својата старост, која сите нас нè чека сега за сега, да би можел да бидам доволно физички способен да извршувам секојдневни активности за коишто не би ми била потребна асистенција од некој друг.

dimitar-radevski

Димитар е личност којашто сака да експериментира со најразлични физички активности и да ги извлече бенефитите од истите. 🤸‍♀️

Сакам да имам микс и спој од одење во теретана каде што можам да инкорпорирам основни – компонентни вежби што се извршуваат со поголеми тежини и придонесуваат за одржување на здрави коски и мускулна маса. Со тоа би ја покрил базата за т.n. анаболично вежбање, па сè до функционален тип на вежбање и мобилност. Овде еден тренинг се состои најчесто од вежби со сопствена тежина како и анаеробични вежби како што се трчање со умерено темпо, пешачење со повисоко темпо и планинарење, се со цел да се покријат базите за мобилност и кардиоваскуларни вежби. Мојата омилена физичка активност е секоја којашто го поттикнува телото и умот на движење, бидејќи примарно еволуцијата ни го создала телото токму за таа цел – движење. Remember kids – motion is lotion! 🏃

Според него, сопствената тежина е најдобрата опрема за вежбање.

Не сум фан на некоја одредена опрема за вежбање. Мислам дека ова е една од причините што најчесто им претставува изговор на луѓето да започнат со вежбање и движење. Секогаш сопствената тежина на една индивидуа може да биде токму најдобрата опрема што ја поседува. Но, ако морам да одвојам некоја, тогаш тоа би било kettlebell, токму поради огромната разновидност што може тоа мало чудо да ја понуди.

dimitar-radevski

Го инспирираат луѓето коишто и покрај големиот број на дневни приватни и професионални обврски, сепак наоѓаат баланс за да вметнат некаква фитнес рутина во хаосот што го носи модерниот начин на живот. Според Димитар, тие се вистинските, тивки фитнес херои. 🦸

Не би ги земал за пример и инспирација денешните таканаречените фитнес инстаграм инфлуенсери или професионалци во било кој даден спорт и фитнес област. Според мене, се претставува и пренесува погрешна слика во која просечниот човек најчесто при споредба со овие индивидуи не може да се пронајде бидејќи се споредува со луѓе коишто одлучиле со тоа да се занимаваат професионално и за кое ниво да се достигне е потребно навистина многу голема посветеност и дисциплина. Но, тоа не значи дека дури и на социјалните мрежи не можат да се сретнат личности коишто и покрај своите секојдневни животни и работни обврски, сепак успеваат да бидат физички активни и да имаат некаква физичка рутина. Мојата фитнес инспирација е секоја личност којашто и покрај огромниот број на обврски и динамика што може денешниот начин на живот да ги понуди, сепак наоѓа време и начин да го активира телото што на крајот на денот ќе им придонесе благосостојба лично ним и тие околу нив, како и намалување на когнитивниот и физичкиот пад подобро од која било друга интервенција или лекарство. 

dimitar-radevski

А еве како изгледа неговата фитнес рутина: ⬇️

Не е права линија тоа можам со 100% сигурност да го кажам. 😅 Периодов се трудам да воспоставам некаква си утринска фитнес рутина што се состои од принципи и протоколи истражени и советувани од страна на добро познатиот проф. д-р Ендрју Хуберман. Тие протоколи и пракси се состојат од благи истегнувања рано наутро, консумирање вода веднаш после будење, гледање во дневна светлина за да се регулираат соодветни хормони, како и паузирање на оние секојдневни нотификации што ни стигаат на нашите мобилни телефони. А што се однесува до фитнес рутина, искрено немам некоја посебна, бидејќи динамиката на секојдневниот живот не ми дозволува секој ден да алоцирам доволно време за мојата рутина. Моите фитнес активности се комбинација од неколку сфери. Навикнат сум да се адаптирам на моменталната ситуација и максимално да го искористам времето што ми е одредено за извршување на моменталната физичка активност. Но, кога периодите не се толку хаотични, преферирам своите физички активности да ги извршувам најчесто после работа, бидејќи веќе телото ми е активно и полно со доволно енергија за да можам убаво да се посветам на моментално избраниот тип на тренинг. Дали секогаш успевам во тоа, се разбира не, но не се разочарувам кога нема да успеам да извежбам затоа што веќе толку долго го правам ова што знам дека нема да престанам да го правам дури и да направам пауза од неколку дена, па дури и недели. Навиката и диспиплината ми се изградени со текот на годините и искуството.

Од неодамна, Димитар започнал да практикува принципи на вежбање во теретана од професионалниот боди-билдер, Мајк Менцер. 🏋️

Неговите принципи се базираат на извршување на класични боди-билдинг вежби што сочинуваат мал број на повторувања и сетови, тежина што можеш да ја кренеш од 6 до 10 пати со правилна форма и споро темпо и каде што интензитетот е доста поголем од класично вежбање со повеќе серии и повторувања од дадена вежба. Сето тоа придонесува до помало време поминато во теретана и поефективен и фокусиран тренинг. Откако започнав овие принципи да ги практикувам, можам да кажам дека кога ќе дојде време за тренинг во теретана, тој ден и тој тренинг ми е многу подобар од претходните типови на тренинзи што сум ги имал во теретана. 

dimitar-radevski

Комичните ситуации се неизбежен дел од тренинзите на Димитар.

Можеби не е баш најсмешната ситуација, но мене ми беше прилично смешна. Ми се случи еднаш во теретана, да извршувам неколку серии за една вежба за рамо со еднорачни тегови каде во левата рака по грешка имав земено тег со помала килажа од онаа во десната рака. Не ми беше јасно зошто цело време левата страна ја чувствував чудно при извршување на вежбата. Дури потоа сфатив дека тежината била различна. Се случува и тоа. 🤭 Не секогаш да сме 100% умствено присутни кога вежбаме. I had a good laugh and continued to do the work.

Димитар црпи инспирација од следниве фитнес гуруа:

1️⃣ Камерон Ханес – aмерикански спортист за издржливост односно ултра маратонец, ловец на дивеч со лак и стрела, автор, претприемач и водител на подкаст. Меѓу сите овие работи, тој се уште си ја работи својата од 9 до 17 работа. Човекот има 56 години, a неговата фитнес рутина се состои од трчање полумаратони скоро секој ден, како и вежбање во теретана со тегови и плус вежбање стрелање со неговиот лак и стрела. Лудо, едноставно лудо. Повеќето од нас ни осмина од тоа не успеваат да направат. Пример за дисциплина, фокус и челична волја. 

2️⃣ Дејвид Гогинс – пензиониран член на Американската морнарицата и единствениот член на вооружените сили на САД кој ја завршил обуката за SEAL, школата за армиски ренџери и обуката за тактички контролор на воздухопловните сили. Пред да се вклучи во редовите на Американската морнарица, имал страшно тешко детство, но некако со силата на својот ум и волја успева да се извади сам од таа темнина и да стане пример за илјадници луѓе денес. Откако се пензионира од редовите на војската, станува еден од најуспешните ултра маратонци на светот. Многумина го сметаат за еден од најдобрите светски спортисти за ултра издржливост. Тој се има натпреварувано на повеќе од 70 трки на издржливост. Исто така го држи Гинисовиот рекорд за најмногу згибови на вратило направени за 24 часа, завршувајќи 4.030 за 17 часа. Извонреден човек.

3️⃣Наш локалец по име Нино (мислам дека така се вика дечкото). Искрено не го знам лично но го следам на Инстаграм, името му е _ime.prezime. Тој практикува вежби со сопствена тежина (склекови, згибови, трчање итн). Шири многу фина порака за спортот и  им докажува на луѓето дека не ти се потребни некои посебни услови и опрема за да си направиш солиден тренинг и да си физички спремна личност.

dimitar-radevski

Димитар работи како Front-end Engineer во компанијата Valtech. 💻

Тој вели дека кога компанијата инвестира во холистичката благосостојба на своите вработени, таа испраќа јасна порака дека здравјето и среќата на вработените се поважни за компанијата, отколку само нивната улога како работници.

Со нудење на услуги како ФитКит, компанијата покажува дека ги цени своите вработени како поединци со повеќеслојни животи и признава дека здравата и урамнотежена работна сила е попродуктивна и поангажирана. Ова ниво на грижа за целокупната благосостојба на вработените може да поттикне чувство на лојалност и доверба од страна на вработените.

dimitar-radevski

А еве што ги советува неговите колеги што се уште се мислат дали да му дадат шанса на вежбањето: ⬇️

Да не си ја игнорираме причината поради која природата не создала вакви какви што сме – примарно дизајнирани за движење. Вежбањето не е само за подобрување на начинот на кој изгледаме, тоа е само бонус. Повеќе се работи за враќање на вашата виталност и поместување на вашите граници. Тоа е патување кадешто секој чекор што го правите, секој тренинг што го освојувате, станува победа над личноста што сте биле. Тоа е шанса да си докажете дека сте способни за неверојатни работи. Замислете го чувството на напредок, додека забележувате дека вашата сила и издржливост растат од недела во недела. Тие мали победи се градежни блокови на верба во себе што се прелеваат во секој аспект од вашиот живот. Ќе откриете дека се справувате со предизвиците со поголема леснотија, бидејќи издржливоста што ја градите преку вежбањето и физичката активност се преведува на еластичност во вашиот ум и срце. И не заборавајте на напливот на ендорфин, оние природни подобрувачи на расположението што прават да се чувствувате неверојатно после тренинг. Ќе откриете ново ниво на ментална јасност и позитивност што ве носи и во најтешките денови. Почетокот може да изгледа застрашувачки, но запомнете: секое патување започнува со еден чекор. 👣 Започнете со малку и постепено предизвикувајте се да се стремите кон повеќе. Најдете активност во која уживате – без разлика дали тоа е џогирање, танцување, кревање тегови или вежбање јога – затоа што кога го сакате она што го правите, никогаш не ви изгледа како обврска. Just start moving! 

За да дознаеш повеќе за Димитар:😎

📸 Пиши му на Инстаграм: @dimitar_ronin

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Dimitar Radevski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore