ФитКит Херој на Неделата: Ива Цветановска

Ива-Цветановска

Обожава да пешачи, да вежба во група и со тегови. Посетите на теретана знаат да ѝ траат по 2 ипол часа, па треба некој да ѝ ѕвони на телефон за да се сети да си оди, затоа што секогаш си наоѓа дополнителни вежби или истегнувања. 🙌

Запознајте ја Ива Цветановска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата фитнес цел е да пешачам кога сум на патување без да се уморувам од физичката не-активност. 🚶 Инаку, секако, сакам да имам фит тело како за на насловна страна, но откако пораснав сфатив дека е во ред тоа и да не се случи и дека тоа не е целта за која што вежбам. Вежбам и сум физички активна за да можам да го кревам и фрлам во воздух мојот внук Симон. Вежбам за да не ми е проблем да седам по 8 часа на работа. Вежбам за да ја намалам анксиозноста и стресот од секојдневието во коешто живееме, за да се дисконектирам од светот и да се посветам на себе. Вежбам за полесно да заспијам, за да бидам флексибилна и да не свиткам зглоб на прав пат😅. На кратко, вежбам за ментално и физичко здравје и квалитетен живот.

Ива-Цветановска

Ива научила на потешкиот начин колку е важно да има здрав и активен начин на живот.

Мојата фитнес инспирација (ова може да звучи многу самобендисано) сум си јас самата пред 6 години. Имав период во животот кога не внимавав воопшто на моето физичко и ментално здравје и тоа ми донесе тешки последици: 20+ килограми повеќе од што треба и неколку здравствени проблеми. 🤒 Едно утро, добив лоши вести од мојата докторка и во истиот момент се рeшив на промена. Не требаше да чекам таква вест за да почнам да внимавам на себе. Денес, не го запоставувам моето здравје. Физичката активност е одличен чекор за мала промена која ни е потсетник дека треба да се ставиме себе на прво место и својата благосостојба да ни биде приоритет број 1. 🙌

Ива-Цветановска

Таа обожава да експериментира со различни физички активности, зависи од расположението на денот.

Одам на масажи, во спа, во теретана, на групни тренинзи, на јога. Сè зависи од тоа што ми се врти дента низ глава. Денеска, на пример, не би одела во спа или на масажа, но и тоа како би “испукала” еден тренинг со Елена Бубало, или во Fierce Fitness. 💪

Ива-Цветановска

Кога станува збор за фитнес рутина, таа си го слуша своето тело.

Научена сум да го слушам своето тело и многу сум горда на тоа бидејќи си го познавам своето тело и ум и знам што и кога ми треба, а на што треба да кажам НЕ. На пример, најчесто ги делам тренинзите според мојот менструален циклус.📅 Во првите две недели по циклусот преферирам тежински тренинзи, тренинзи што бараат повеќе енергија и сила.  Во третата недела, сакам тренинзи за флексибилност и кардио, како јога, пилатес, аеробик. Во неделата за време на циклусот, сакам само вежби за истегнување, без напор, само за размрдување на мускулите.

🎶 А мелодијата што дополнително ја размрдува е следнава: 

Според Ива, најдобарите тренинзи што ги имала до сега започнуваат со убаво истегнување и загревање, имаат одлично комбо на вежби што бараат концентрација и сила, избалансирани со статички вежби што даваат простор да се смири дишењето и убаво истегнување на крај.

Преферирам да вежбање во група или теретана дефинитивно! Дома имам куче кое е залепено за мене и не сака да вежбам без него, па така секогаш кога не сум целосно легната на матот за вежбање, тој е! 🐶

Ива-Цветановска

Финтес инструкторката Елена Бубало е нејзиниот финтес гуру. ✨

Вежбав кај Елена Бубало и ја сметам за личност која е најдобра кај нас во она што го прави. Активно ја следам на Инстаграм и барем еднаш месечно вежбам некој од нејзините тренинзи (FitKit Plus Total Body Workout програмата или оние од Инста).

Ива-Цветановска

Ива работи како Business Development Manager во компанијата Keitaro

Таа вели дека вежбањето ѝ помага да биде поконцентрирана, фокусирана, да спие подобро, да нема чести болки во ‘рбетот и вратот, а со тоа и да го зголеми квалитетот на својата работа. 🔥

Користењето на ФитКит како бенефит за вработените, ме прави да се чуствувам дека компанијата се грижи за моето здравје и ме поттикнува да размислувам на балансот помеѓу приватниот живот и работата. Тоа е многу важно за да не се постигне прегорување на работа и потоа да имаш незадоволни вработени. Редовно ги потсестувам моите колеги за активностите што се достапни преку ФитКит и ги мотивирам да направат нешто за себе што ќе ги релаксира и ќе ги поттикне да се посветат малку на себе. 🙌

За да дознаеш повеќе за Ива:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Iva Cvetanovska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @itisicvet

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Iva Cvetanovska

Ива-Цветановска

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore