ФитКит Херој на Неделата: Кристина Михајловска

FitKit_HEROJ_Кристина-Михајловска

Самата себе се инспирира да вежба, предводена од желбата да се чувствува поздраво и поубаво во сопственото тело. А кога е физички активна, нејзината креативност нема лимити! 💫

Запознајте ја Кристина Михајловска од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Степ аеробик, многу музика, кардио и вежби за истегнување се омилените фитнес активности за Кристина. Најчесто користи рачни тегови, еластични ленти за вежбање и степер.

Инспирацијата да вежбам ми потекнува од самата себе, од секојдневниот живот и обврски што носат доволно стрес којшто влијае на функционалноста на целото тело. Токму физичката активност ми помага да се чувствувам поздраво и поубаво во сопственото тело (без болки во мускулите, зглобовите и грбот поради професијата и постојаното седење пред компјутер). 👌

Кристина-Михајловска-Фит-Кит

Првиот тренинг што го закажала преку ФитКит апликацијата е степ аеробик во студиото на FitLife. Oд тогаш, таа редовно вежба со стручниот тим на FitLIfe.

Преферирам вежбање во фитнес студио, но поради обврските околу моето 4-годишно дете, вежбам од дома онлајн со програмата на Драгана од FitLife. 💪

Кристина-Михајловска-Фит-Кит

Најдобриот тренинг, според неа, е секој тренинг после кој едвај се движи до креветот во спална.

Најсмешната ситуација што ти се има случено при вежбање е паѓање од степер за вежбање уште пред да започнам со самиот тренинг. 😂

Миксовите на германскиот диџеј и продуцент Борис Брејча, секогаш ја мотивираат да се впушти во акција. 🎧

Кристина работи како графички дизајнер во компанијата 6Pro Marketing. ФитКит апликацијата ѝ помага да ја ослободи креативноста и да го даде својот максимум, како на работа, така и дома. 

Кога сум физички активна, се чувствувам поздраво, посреќно и креативноста на мојот ум нема лимити. Од ова, навистина многу добивам од професионален аспект. 💯

Закажувањето тренинзи преку ФитКит ѝ овозможува флексибилност во распоредот за вежбање во секое време од денот.

Среќна сум што сум дел од компанија која што во секоја смисла на зборот се грижи за своите вработени, како за нашето ментално, така и за физичко здравје. Соработката со ФитКит ми овозможува да имам повеќе енергија, повеќе концентрација на работа и да закажувам тренинзи во било кое време од денот и на било која локација. Дури и да останам подолго време на работа, можам да закажам тренинг на друго место, ако веќе нема место онаму каде што редовно вежбам. Ме инспирираат моите колеги кои редовно вежбаат и се доста проактивни и продуктивни луѓе како на професионален, така и на личен план. Само продолжете така! 🙌

Кристина-Михајловска-Фит-Кит

За да дознаеш повеќе за Кристина:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Kristina Mihajlovska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @k.r1.2i

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Kristina M.

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore