ФитКит Херој на Неделата: Мартин Чанџуковски

Martin-Chandjukovski

Пешачењето на долги релации е неговата омилена физичка активност и една од најдобрите бесплатни активности што му помага психички и физички да ги оствари своите цели. 👣

Запознајте го Мартин Чанџуковски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата фитнес цел е да ја покачам мојата телесна тежина до некоја посакувана бројка и да станам фит, а вооедно и да стекнам една навика за одржување на здрав живот, да го ценам своето тело и она што телото го бара од мене. Дополнително, со вежбањето сакам да го регулирам секојдневниот стрес и да ги избегнам последиците од прекумерното седење на работа.

Martin-Chandjukovski

Неговите тренинзи се базирани на качување на килограми, па најчесто користи тегови (Dumbbells), шипки или справи погодни и наменети за вежбање на одредена мускулатура. 🏋️

⬇️ Еве како изгледа фитнес рутината на Мартин:

3 до 4 пати неделно одење во теретана, а останатите денови најчесто пешачам или го користам времето за некоја друга спортска активност, како пинг понг, баскет, билијард, итн.

🎵 Музиката на групата Linkin Park дополнително го мотивира да го даде својот максимум: 

Најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање е следнава:

Се сеќавам беше петок вечер, а во теретаната бевме околу 4-5 луѓе. Бидејќи веројатно на сите ни беше смачено и стресно од целата работна недела, теретаната се претвори во транс журка, која заврши со многу смеа, играње, а вооедно и со успешен тренинг. 😂

Martin-Chandjukovski

Ако треба да избира помеѓу вежбање од дома или вежбање во фитнес студио, ова е неговиот избор:

Фитнес студио или теретана дефинитивно! Од секогаш најголема мотивација и поддршка ми биле луѓето со кои сум опкружен во теретана, полни со ентузијазам, кои се трудат да ги постигнат своите цели. Тие ми даваат повеќе сила и мe поттикнуваат се почесто и почесто да вежбам и остварувам успешни тренинзи. Од друга страна, теретаната нуди разновидни справи што подобро ќе ми помогнам да го постигнам тоа што го сакам. Не го осудувам вежбањето од дома, напротив, браво за оние кои што се дисциплинирани и го прават тоа без изговори, но кај мене секогаш беше присутна онаа добро позната фраза, “Ајде од Понеделник”. 😉

Мартин работи како Senior Web Developer во компанијата RLDatix.

Тој вели дека користењето на ФитКит, како дел од бенефициите за вработени е одличен начин за подобрување на негативните ефекти од работата, било тоа да е физичка или психичка напнатост. 

Martin-Chandjukovski

На своите колеги што ги мрзи да вежбаат, им го препорачува следново:

You have been criticizing yourself for years, and it hasn’t worked. Try approving of yourself and see what happens. 🙌

За да дознаеш повеќе за Мартин:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Martin Chandjukovski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Martin Chandjukovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore